Ќе одговараат сите кои се вмешани во планирањето на воениот удар

Анкара, 26 февруари (МИА) - Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека сите кои учествувале во планирањето на државниот удар во 2003 година, ќе бидат изведени пред правдата.

- Нефункционалната демократија не е судбина на нашата земја. Никој не е над законот, недопирлив, ниту привилегиран, истакна Ердоган

Судот во Турција денеска подигна обвиненија против уште 11 високи воени офицери поради што во 2003 година наводно планирале државен удар, со што бројот на обвинети офицери се искачи на 31.

Апсењето на офицерите е врз основа на собраните аудио-снимки од прислушувањето и откривањето на наводниот таен план за извршување на државен удар, за кој се подготвувале додека биле на должност командантите во периодот од 2003 до 2005 година. Државниот удар бил планиран бидејќи биле незадоволни од освојувањето на власта на Партијата на правдата и развој во 2002 година.

Весникот го објави и планот за воениот удар кој опфаќал бомбашки напади во џамиите Фатих и Бајазит во Истанбул, потоа Турција и Грција да бидат доведени до раб на војна и да се предизвика меѓународна криза во реонот на Егејско Море. „Тараф“ истакнува дека во планот за воениот удар биле вмешани 162 воени лица од кои 29 генерали и 133 офицери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...