петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

ЕУ е против создавање нови држави на Балканот

Прага, 10 март (МИА) - Европската унија нема да прифати создавање нови држави на Балканот, изјави еврокемсарот за проширување Штефан Филе, нагласувајќи дека Брисел подготвува нов пристап за Босна и Херцеговина, чија цел е „цврсто поврзување на земјата со ЕУ“.

Во изјава за Радио Слободна Европа, Филе нагласи дека ЕУ засега не се подготвува за сценариото за поделба на БиХ, туку дека се фокусира да и помогне на земјата да ја избегне поделбата.

- Мораме да направиме уште многу за да ја поставиме оваа земја на стабилна основа, потенцира Филе.

Тој нагласи дека ЕУ не е подготвена да прифати зголемување на бројот на државите на Балканот и дека прави се за да се избегне таквата можност.

Според него, клучно за опстанокот на Босна и Херцеговина е „продолжување на Дејтонскиот договор“.

- Клучот е во уставните промени. Клучно е да дојдеме до затворање на темата за Канцеларијата на високиот претставник и преку уставни промени да се отвори патот кон создавање стабилна и ефикасна власт во земјата, тенденција која ја поддржуваат, ако не сите, тогаш мнозинството (од жителите), рече Филе, додавајќи дека доколку дојде до тоа ќе уследи „силно вкотвување на БиХ во ЕУ“ преку процесот на асоцијација.




Фото експрес
Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Во БиХ почнува предизборната кампања за општите избори
Грција сака решение за Косово кое е резултат на консензус
Лека Зогу: Политиката треба да најде излез
И локалната власт на Кукс против изградбата на ХЕЦ „Жур“
Во Грција пронајдено оружје украдено во Албанија
Балканската политика на Турција има за цел стабилност и економски раст, изјави Ѓул
Министрите за земјоделие, финансии и за труд на романија ќе бидат разрешени од Кабинетот на Емил Бок
Група од 22 криминалци уапсена во Романија поради измами со недвижности
Занијер: Разговори што побрзо меѓу Белград и Приштина
Ѕуринда: Не сум кажал дека Словачка никогаш нема да го признае Косово
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи