Неможе да се постигне мир со убивање на хуманитарци

Анкара, 3 јуни 2010 (МИА) - Не може да се постигне мир во регионот ако се убиваат учесници во хуманитарни акции, изјави денеска турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, коментирајќи го израелскиот напад врз меѓународниот конвој со хуманитарна помош за Газа.

- Убивањето на луѓе кои носат храна, лекови, градежни материјали, играчки и храна за деца нема да донесат мир и стабилност во регионот, изјави турскиот премиер.

Ваква агресивна политика нема да донесе никаква корист на ниту една држава, вклучувајќи го и Ирак и неговиот народ, предупреди Ердоган. Според него ниту една држава нема да постигне било какви позитивни резултати во областа на Газа, Ерусалим и Средоземното Море, со преземање на бандитски и пиратски акции во политиката.

Ердоган посебно нагласи, дека на бродовите со хуманитарна помош немало оружје, како претпоставувал Тел Авив. Израелското раководство направи историска грешка, оцени турскиот премиер. Тој додаде дека меѓународната заедница не треба да се смирува и дека треба да ја осуди примената на агресивна политика врз Палестинците од страна на Израел.

Турскиот премиер истакна дека акцијата на Израел против меѓународниот конвој не ги засега само интересите на Турција, туку и на уште 32 земји, од кои имало претставници во хуманитарната мисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...