Словенците поделени околу договорот за границата со Хрватска

Љубљана, 6 јуни 2010 (МИА) - Граѓаните на Словенија се поделени околу Арбитражниот договор за утврдување на границата со Хрватска, но сепак со тесно мнозинство го прифатија на денешното референдумско изјаснување, покажуваат првичните неофицијални резултати.

Словенечката радио-телевизија јави дека од преброени 719 илјади гласови, 51,49 отсто се за, а 48,51 против договорот. На гласање излегле околу 40 отсто од вкупно евидентираните 1,7 милиони Словенци со право на глас.

Премиерот Борут Пахор ги оцени резултатите од референдумот како „добри“ и изрази надеж дека со договорот конечно ќе затвори отвореното прашање со Хрватска, што ќе биде во корист на двете земји, но и на регионот.

Лидерот на опозицијата Јанез Јанша, пак, изјави дека резултатите ја покажале поделеноста на словенечката јавност околу договорот и ја повика Владата да не го занемарува тој факт.

Официјалните резултати од референдумот треба да бидат објавени на 14 јуни.

Словенија и Хрватска по 20-годишни несогласувања околу границата, во ноември лани постигнаа договор проблемот да го решаваат со меѓународна арбитража, но Љубљана реши прашањето да го стави на референдум. Словенија поради спорот околу границата привремено ја блокираше Хрватска во преговорите за членство во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...