Борбата против криминалот и корупцијата - предизвик за регионот

Подгорица, 7 јуни 2010 (МИА) - Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека борбата против организираниот криминал и корупцијата се заеднички предизвик за сите земји од регионот на Западен Балкан и за ЕУ и нагласи дека решението на овој проблем е еден од условите за влез во Унијата.

Филе додаде дека ЕУ од земјите кандидатки очекува прашањето за владеење на правото да го решат брзо, во процесот пред пристапувањето, „со цел подобро да се подготват за членството во Унијата“ и истакна дека Брисел е подготвен да пружи поголема поддршка за успех на тие напори, јавија црногорските медиуми.

Тој напомена дека напредокот на патот кон ЕУ посебно зависи од исполнувањето на политичките критериуми, а клучни предизвици се и јакнењето на функционирањето на институциите, посебно во однос на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во судството, екологијата и јакнењето на административните капацитети.

 - Продолжување со економските реформи во тешкото меѓународно соседство, разновидноста на економијата и создавањето на човечки капитал и инфраструктурата се дополнителни предизвици, кои ќе помогнат во зајакнувањето на економската конкурентност. Не бараме брзи решенија и поправки, туку трајни решенија, нагласи еврокомесарот.

Филе додаде дека ЕУ ги цени напорите кои ги прават црногорските власти во борбата против организираниот криминал и оцени дека посебен предизвика за Црна Гора ќе биде подготовката за примена на законот за кривична постапка, по неговото стапување во сила во август.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...