Хрватска е на добар пат да биде 28 членка на ЕУ

Лондон, 7 јуни 2010 (МИА) - Хрватска е на добар пат да биде следната, 28 по ред членка на Европската Унија и втората од републиките на поранешна Југославија, пишува „Дејли Телеграф“, објаснувајќи дека таквата перспектива сега е мошне реална, по референдумот во Словенија на која мнозинството од тамошните граѓани ја поддржа Спогодбата, според која решението за пограничниот спор меѓу двете соседни земји ќе се бара преку меѓународна арбитража.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, Словенија која е членка на ЕУ од 1 мај 2004 година, го блокираше пристапувањето на Хрватска во Унијата и преговорите меѓу Загреб и Брисел, поради стариот спор околу Пиранскиот Залив во Јадранското Море, но по изразената согласност на Словенците решението да се изнајде низ арбитража, преговорите ќе може да продолжат. Тоа навестува дека Хрватска би можела да биде членка на ЕУ до почетокот на 2012 година.

Лондонскиот весник забележува дека овој стар спор на двете поранешни југословенски републики одново го покренува прашањето за тоа колку е Европската унија способна да се проширува кон Западниот Балкан, затоа што во тој регион постојат уште вакви недоразбирања и спорови, што се провлекуваат од годините на распадот на поранешната југословенска федерација.

Засега, освен Хрватска ниту една друга земја, од поранешните републики на СФРЈ нема отворен дијалог за членство во Европската Унија. Македонија е блокирана од спорот околу името со Грација, а Србија, Косово и Босна и Херцеговина остануваат блокирани со меѓусебните ривалства, омрази и нерешени прашања околу поделбата на имотот од времето кога сите заедно беа дел од една држава, констатира „Дејли телеграф“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...