Тридневна средба на претседателите на Косово, Македонија, Црна Гора и Албанија

Призрен, 25 јуни 2010 (МИА) - Тридневна средба на претседателите на Косово, Црна Гора, Албанија и Македонија почнува денеска во косовскиот град Призрен, пренесе црногорската телевизија РТЦГ.

Од кабинетот на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу соопштуваат дека попладнево во Призрен ќе пристигнат претседателите на Црна Гора и на Македонија Филип Вујановиќ и Ѓорге Иванов, на кои утре ќе им се придодаде и албанскиот претседател Бамир Топи.

За утре претпладне се предвидени билатерални средби на четворицата претседатели, а попладнето тие ќе имаат и заедничка средба. Вечерта е планирана заедничка прес конференција, која косовските медиуми ќе ја пренесуваат во живо, а потоа четворицата претседатели ќе направат прошетка по Призрен.

Коментирајќи ја средбата во Призрен, на која српскиот претседател Борис Тадиќ не е поканет, државниот секретар во српското Министерство за Косово и Метохија Оливер Ивановиќ изјави дека секоја средба, организирана од косовските власти, го губи значењето „без главниот фактор на Балканот- Србија“, пренесе Танјуг.

Ова е трета ваква средба на претседателите од регионот. Првата беше организирана во албанскиот град Валона, а втората во Охрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...