Црна Гора по Исланд кандидат за преговори со ЕУ

Подгорица, 19 јули 2010 (МИА) - Потпретседателот на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Југоисточна Европа Јелко Кацин смета дека доколку Македонија не постигне компромис со Грција околу спорот за името Црна Гора, по Исланд би можела да биде следниот кандидат за преговори со Европската унија.

- Доколку барем една земја преговара со ЕУ, тогаш тоа е поддршка за сите останати земји во регионот. Доколку Македонија нема да биде во состојба да се одлучи за компромис околу името, што би и овозможило да влезе во НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ, тогаш секако Црна Гора е земјата која би можела да биде следниот кандидат за преговори, истакна Кацин за подгоричкиот весник „Вијести“.

Тој рече дека Црна Гора е мала земја, но додаде оти таа има двојно повеќе жители од Исланд и затоа, како што напомена, „штом може да преговара Исланд, најверојатно може и Црна Гора“.

Словенечкиот дипломат повтори дека Црна Гора исполнила важни предуслови во процесот на евроатлантската интеграција и оти тоа ја издвојува како потенцијален кандидат за преговори со ЕУ.

- Од сите земји од Западен Балкан, доколку ги издвојам на една страна Хрватска, а на друга Македонија, Црна Гора засега е единствената која го завршила процесот на ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, па врз основа на тоа и го доби Прашалникот, додаде тој.

Кацин потсети дека Црна Гора почнала да одговара на Прашалникот и добила и втора серија дополнителни прашања, на кои одговорила и во моментов има трет пакет т.н. потпрашања со барање на специфични одговори. - Затоа според мене можам да кажам дека Црна Гора успешно и упорно напредува кон статусот на земја кандидат, порача Кацин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...