Србија е за „балансирана“ нацрт-резолуција за Косово

Белград, 20 јули 2010 (МИА) - Србија е подготвена да поднесе во Генералното собрание на ОН „балансирана“ нацрт-резолуција за Косово по објавениот став в четврток на Меѓународниот суд во Хаг за легитимноста на прогласената независност на Косово, изјави денеска српскиот вицепремиер Божидар Ѓелиќ, кој е одговорен за евроинтеграции.

- Нацрт-резолуцијата ќе биде балансирана и ќе ја покаже желбата на нашата земја да се постигне компромис по сите прашања, вклучувајќи го и прашањето за статусот на Косово, истакна Ѓелиќ.

- Доколку за обновување на дијалогот Србија постави неприфатливи услови, тогаш тоа би значело уште на самиот почеток да се уништи можноста за дијалог. Првата етапа е да се воспостави дијалог. Сегашната ситуација не му оди во корист никому, додаде српскиот вицепремиер.

Тој уште еднаш повтори дека каква и да биде позицијата на Меѓународниот суд, Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово, која беше прогласена на 17 февруари 2008 година.

В четврток попладне Меѓународниот суд во Хаг треба да го соопшти својот став, кој ќе биде од консултативен карактер и нема да биде правно обврзувачки. По соопштувањето на позицијата ова прашање треба да биде разгледано во Генералното собрание на ОН.

Српската нацрт-резолуција најверојатно ќе биде повод за жестоки превирања меѓу приврзаниците и опонентите на независноста на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца ненормални играат фудбал. После некое време едниот извикува:
- ПОЛУВРЕМЕ!!! Сега ти си топката.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1545.- Бродот „Мери Роус“, гордост на воената...
1814.- Роден е американскиот пронаоѓач Семјуел...
1834.- Во Париз е роден Едгар Дега, француски...
1866.- Умре германскиот математичар Георг...