Одлуката на МСП за Косово може да ги поттикне сепаратистите ширум светот

Хаг, 22 јули 2010 (МИА) - Одлуката на Меѓународниот суд на правдата дека со прогласувањето на косовската независност не е прекршено меѓународното право, ќе резултира со зголемување бројот на земјите што ќе го признаат Косово и тоа ќе го доближи до членство во ОН, но ваквата судска одлука може да ги поттикне сепаратистичките движења ширум светот да прогласуваат независност, сметаат аналитичарите.

- Мој впечаток е дека ова е лоша вест за владите кои се борат против сепаратистичките движења. Тие можат да го сфатат решението како сериозна закана за неприкосновеноста на нивниот територијален интегритет, смета раководителот на Програмата за безбедност и конфликти при холандскиот Институт за меѓународни односи „Клигендал“, Едвин Бајкер.

Според него, денешната одлука на МСП го доближува Косово до членство во ОН и во другите меѓународни организации.

- Тоа би значело дека првпат по поделбата на Пакистан во средината на 70-те години на минатиот век, на светската карта ќе се појави држава која станала независна и покрај силното противење на земјата од која се отцепила, вели Бајкер.

Тој смета дека не може да се направи реална паралела меѓу Косово и случаите како што се оние во Мјанмар со Карен и Шан, во Ирак со Курдистан и во Индија со Кашмир, како и со Баските во Шпанија и со поделениот Кипар, но дека одлуката на МСП сепак „ќе го запали пламенот на надеж за независност кај некои од најрадикалните сепаратистички елелемнти“.

- По интересно е што сега ќе направат Шпанија, Грција, Кипар, Словачка и Романија? Ќе ги следат ли нивните европски партнери, кои го признаа Косово? Очекувам дека тие ќе го одлагаат ова прашање најдолго што е можно и ќе чекаат да видат што ќе се случи во ОН, смета Бајкер.

Директорот на Центарот за меѓународни односи од Бања Лука, Милош Солаја смета дека одлуката на Судот очигледно не беше таква каква што очекувала Србија, иако според него, се уште има место за дискусија.

- Сигурно е дека Србија ќе преземе огромна дипломатска активност во Генералното собрание на ОН за да добие политичко мислење од неговите членки, иако одлуката му дава можност на Косово да побара нова поддршка, смета Солаја.

Според него, ваквата одлука сосема јасно ќе го отвори прашањето за националниот суверенитет на некои земји во Југоисточна Европа.

- Таа со сигурност ќе има последици во Босна и во Република Српска, каде што се очекува да се засилат слични барања. Оваа одлука ќе донесе нова нестабилност во регионот, потенцира Солаја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...