Србија треба да ја прифати загубата на Косово

Белград, 28 јули 2010 (МИА) - Србија треба да ја прифати загубата на Косово и да преземе мерки за да го зачува северно Косово, каде мнозинството од населението се Срби, изјави премиерот на Република Српска, Милорад Додик.

- Белград треба да води сметка за тоа дека Косово е се помалку дел од Србија, нагласи Додик во интервју за весникот „Вечерње новости“.

Според Додик Белград сега треба да ги постави своите услови за да ја признае независноста на Косово.

- Доколку вие сакате, ние (Белград) да ја признаеме независноста на дел од Косово, ние сакаме тогаш северниот дел од покраината да остане во Србија, предложи премиерот на РС.

Меѓународниот суд на правдата минатата недела оцени дека прогласувањето на независноста на Косово не претставува нарушување на меѓународното право. Оваа оценка, иако нема обврзувачки карактер, сепак и нанесе удар на Србија, која сега планира да ги насочи напорите кон Генералното собрание на Обединетите нации во септември, за да ја оспори независноста на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...