Српската предлог-резолуција за Косово пред Генералното собрание на ОН

Њујорк, 9 септември 2010 (МИА) - Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе расправа за српската предлог-резолуција за Косово.

Предлог-резолуцијата ќе биде претставена од шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ на седницата која почнува во 15 часот по американско време (21 часот по средноевропско време).

Министерството за надворешни работи на Србија вчера врз основа на одлука на Владата, до Генералното собрание на ОН поднесе редефинирана предлог-резолуција за Косово, која претходно беше усогласена со Европската унија.

Во новата предлог-резолуција Србија се откажува од барањето ГС да го осуди едностраното отцепување на Косово, а ЕУ се откажува од инсистирањето Приштина и Белград да разговараат само за технички прашања и предлага дијалогот за нештата кои се од заеднички интерес за двете страни.

Српскиот претседател Борис Тадиќ вчера изјави дека редефинираната предлог-резолуција на ниту еден начин не содржи признавање на независноста на Косово, туку напротив, овозможува дијалог за решавање на косовското прашање, кое ќе биде потврдено во Советот за безбедност на ОН.

Министерот за надворешни работи на Косово, Бајрам Реџепи синоќа изјави дека резолуцијата усогласена со Европската унија ќе го олесни дијалогот, додавајќи оти Приштина останува на ставот дека тој дијалог може да биде воден единствено на ниво на две независни држави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...