Изетбеговиќ, Радмановиќ и Комшиќ членови на Претседателството на БиХ

Сараево, 4 октомври 2010 (МИА) - Бошњакот Бакир Изетбеговиќ од Партијата за демократска акција (СДА), Србинот Небојша Радмановиќ од Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) и Хрватот Жељко Комшиќ од Социјалдемократската партија (СДП) се избрани за членови на новото Претседателството на Босна и Херцеговина на вчерашните општи избори во оваа поранешна југословенска република.

Според се уште неофицијалните и неконечните резултати од гласањето, во траката за бошњачки член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, кој е син на поранешниот босански претседател Алија Изетбеговиќ, освоил 34 отсто од гласовите, пред Фахрудин Радончиќ од Сојузот за подобра иднина (СББ) за кого гласале 30 проценти од избирачите. Досегашниот член на Претседателството, Харис Силајџиќ од Партијата за Босна и Херцеговина (СБХ), кој во анкетите пред изборите важеше за фаворит, освоил само 26 отсто од гласовите.

На изборите за српски претставник во Претседателството на БиХ, досегашниот член на ова тело Небојша Радмановиќ освои 50 отсто од гласовите, додека заедничкиот кандидат на опозицискиот блок составен од Српската демократска партија (СДС), Партијата за демократски прогрес (ПДП) и Српската радикална партија (СРС), Младен Ивањиќ доби 47 проценти од гласовите.

Во хрватскиот табор, досегашниот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ оствари убедлива победа со освоени 58 отсто од гласовите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...