Десетта годишнина од демократските промени во Србија

Белград, 5 октомври 2010 (МИА) - Денеска се навршуваат десет години од масовните протести на приврзаниците на Демократската опозиција на Србија со која беше изнудено повлекување од власта на дотогашниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ.

Протестот во центарот на Белград беше организиран откако Сојузната изборна комисија ја оспори победата на кандидатот на Демократската опозиција на Србија, Воислав Коштуница на изборите за претседател на СРј, одржани на 24 септември 2000 година.

Иако бројни неофицијални извори тврдеа дека Коштуница во првиот круг победил над кандидатот Милошевиќ, Комисијата соопшти дека кандидатот на ДОС освоил 49 отсто гласови и најави нов круг гласање.

Коалицијата од 18 партии од опозицијата тврдеше дека Коштуница освоил 52,54 отсто гласови и отфрли можност за одржување втор круг избори. ДОС во знак на одговор закажа протест под мото Србија во Белград, а на Милошевиќ му беше даден ултиматум до 5 октомври во 15 часот да го признае поразот.

Ултимативно беа побарани и оставки од челните луѓе во Радио-Телевизија Србија.

На протестите покрај жителите на Белград учествуваа и десетици илјади луѓе од внатрешноста, Откако помина времето дадено со ултиматумот, демонстрантите влегоа во зградата на Сојузното собрание, зазедоа полициска станица и делумно ги опожарија приземјето и првиот спрат од зградата на РТС.

Во текот на денот пред демонстрантите пред Собранието пристигна конвој оклопни возила од Единицата за специјални операции на Службата за државна безбедност чии припадници со целосна воена опрема се ракуваа со граѓаните.

Милошевиќ не го призна поразот на 5 октомври, туку следниот ден преку обраќање на приватна телевизија кога му ја честита и победата на Коштуница.

Во април следната година тој беше уапсен и спроведен во Хашкиот трибунал за воени злосторства.

Според официјални податоци, Коштуница доби 50,24 отсто гласови, а Милошевиќ 37,15 отсто гласови.

На 7 октомври, 2000 година, Коштуница положи заклетва пред пратениците во Собранието.

Во протестите животот го загубија две лица, а повредени беа 65 граѓани. Првите демократски избори во Србија по европски стандарди, се одржани на 23 декември 2000 година, по кои за премиер беше избран Зоран Ѓинѓиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...