Хилари Клинтон денеска во посета на Сараево и Белград

Сараево, 12 октомври 2010 (МИА) - Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Сараево ќе се сретне со членовите на актуелното Претседателството на Босна и Херцеговина, како и со новозибраниот член на ова тело Бакир Изетбеговиќ и со новиот претседател на Република Српска, Милорад Додик.

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Филип Гордон најави дека Клинтон ќе апелира за поблиска соработка меѓу српската, хрватската и муслиманската страна во Босна и Херцеговина, што, според него,  ќе помогне за европска интеграција, „како единствената можна иднина на БиХ“.

По посетата на Сараево, Хилари Клинтон ќе отпатува за Белград каде ќе се сретне со српскиот претседател Борис Тадиќ, кој неодамна го најави почетокот на директните разговори меѓу Србија и Косово под покровителство на Европската унија.

- Единаесет години по војната во Косово и две години по прогласувањето на независноста на земјата, Клинтон ќе го изрази нетрпението на САД да го видат почетокот на дијалогот, во кој Вашингтон очекува активно да учествува, нагласи Гордон.

Клинтон ќе разговара и со српскиот премиер Мирко Цветковиќ, а ќе одржи средби и со министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ и министерот за одбрана Драган Шутановац.

Според Вашингтон, Клинтон пред српското раководство ќе ја изрази силната поддршка на САД за процесот на европската интеграција на Србија.

Посетите на Сараево и Белград се дел од европската турнеја на Клинтон, во рамките на која таа во утре ќе ја посети Приштина, а во четврток ќе замине за Брисел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...