Духот на Аркан се уште е жив во Србија

Лондон, 14 октомври 2010 (МИА) - Духот на поранешниот водач на српските паравоени сили Аркан, се уште е жив меѓу „тврдокорните хулигани“ во Србија, пишува лондонски „Гардијан“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот забележува дека во рок од само два дена „српските разбојници“, на двапати и во два различни града Белград и Џенова, беа вклучени во нереди и насилство „комбинирано со талентот за организација и за политичка поддршка“.

Србија е позната по повеќемина свои спортски херои, но составен дел од животот на оваа балканска држава се и хулиганите и нивното насилство, што тврдокорните националистички политичари, господарите на војната и водачите на криминалното подземје, ги користат за своите цели, оценува весникот.

Лошото однесување на белградските млади не е изненадување, кога се знае големата невработеност во земјата, неизвесната иднина, дваесетгодишните воени судири и војни, крахот на државата, бомбардирањето на НАТО и криминализацијата на тамошното општество. Хулиганството во Србија, според весникот, сепак, секогаш е дел од политичките средства.

Навивачите на фудбалскиот клуб „Црвена звезда“ од Белград во изминатите две децении беа вклучени прво во разните паравоени српски единици, учествувајќи во војните во Хрватска и Босна и Херцеговина во операциите на етничко чистење. Во 2000 година тие меѓутоа се најдоа со народните маси во насилното соборување на режимот на Слободан Милошевиќ, за подоцна одново да се најдат заедно во уличните борби на тамошните неофашистички групи, свртувајќи се против Европската унија и САД, заклучува „Гардијан“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...