ЕУ има потреба од Турција

Лондон, 8 ноември 2010 (МИА) - Европската унија има потреба од Турција како нејзин член, изјави синоќа во Лондон турскиот претседател Абдула Ѓул.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, зборувајќи на предавање во угледната британска тинк-танк организација „Чатам Хауз“, непосредно пред објавувањето на најновиот извештај за напредокот на Турција во спроведувањето на реформите, Ѓул рече дека „стратешки интерес на ЕУ е да ја има Турција во своите редови, имајќи предвид дека меѓународниот баланс на силите има тенденција да се движи кон Исток“.

Турскиот претседател обвини „некои европски лидери“ за кратковидост и за неможност да ја согледаат иднината за дваесет, педесет или повеќе години. Тоа, според Ѓул, ја руши амбицијата на ЕУ да биде глобален играч, подготвен да ја преземе одговорноста во безбедносните и политичките прашања.

Анкара веќе подолго време му приговара на Брисел дека не сака во своите редови да има една умерена муслиманска држава со економија со забрзан раст, која е природна врска на Западот со Истокот.

Турција официјално ги започнаа преговорите за полноправно членство во ЕУ во 2005 година, заедно со Хрватска, која веќе е во својата завршна фаза на преговарање. Како главен проблем од Брисел се споменуваат одбивањето на Турција да го признае Кипар, земја-членка на ЕУ, како и курдското прашање и положбата на малцинствата во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...