УНМИК и натаму има важна улога во Косово

Вашингтон, 11 ноември 2010 (МИА) - Мисијата на Обединетите нации на Косово-УНМИК и натаму извршува важна политичка улога и покрај објавената реконфиграција и намалување на обемот на мисијата, оцени во Вашингтон шефот на УНМИК Ламберто Заниер.

Амбасадорот Заниер, како што пренесува вашингтонското радио „Гласот на Америка“, оцени дека УНМИК е „ најполитичката“ од сите досегашни мировни мисии на светската организација, а дека нејзината клучна задача е да се оствари помирување и стабилност на теренот.

Италијанскиот дипломат, кој во вторникот вечерта одржа предавање во школото за меѓународни студии на универзитетот Џонс Хопкинс, сегашната ситуација на Косово ја опиша како „замрзнат конфликт“, но и кажа дека е позитивно што почнува политичкиот процес во кој двете страни треба да го седне на преговарачката маса.

Заниер изјави дека по изрекувањето на советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата  се покажа дека за повеќето членки прогласувањето на независноста на Косово е  политичко, а не правно прашање.

- Имам чувство дека мислењето на меѓународниот суд на правдата немаше големо влијание врз Советот за безбедност на ОН. Ќе видиме како ситуацијата ќе се развива во петок, иако верувам дека СБ на ОН, како и на состанокот во август, ќе го поздрави процесот  што води кон директен дијалог меѓу Белград и Приштина, рече Заниер.

-Мислам дека е вистинското време странките да се доведат на иста маса и директно да разговараат и многу е добро и ЕУ да биде присутна во тој процес, наведе шефот на УНМИК.

Тој не смета дека промената на владата во Приштина ќе влијае врз дијалогот со Белград.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...