Во северно Косово растат тензиите меѓу Србите и Албанците

Њујорк, 13 ноември 2010 (МИА) - Во северно Косово е забележано зголемување на меѓуетничките тензии меѓу косовските Срби и косовските Албанци и тоа покажува оти е неопходно да се отпочне дијалог, изјави шефот на УНМИК Ламберто Заниер пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

- Меѓуетничките односи во северно Косово се влошуваат. Иако целокупната состојба и натаму е стабилна, серијата инциденти во северно Косово покажуваат силен потенцијал за нестабилност со ризик од проширување на насилството, рече Заниер.

Тој напомена дека клучен предизвик за ОН во северно Косово е да ја одиграат улогата на посредник меѓу заедниците и додаде оти има огромна потреба од дијалог.

Косово се наоѓа во најтешката политичка криза од прогласувањето на независноста во февруари 2008 година. На 12 декември ќе се одржат предвремени парламентарни избори, откако Парламентот и изгласа недоверба на Владата на Хашим Тачи.

Српскиот министер за внатрешни работи Вук Јеремиќ ја потврди волјата на Србија за постигнување компромис со Косово, но изјави пред СБ дека Белград нема да ја признае еднострано прогласената независност на Косово.

- Србија сака дијалогот да почне што е можно поскоро и се надеваме дека тој на почетокот ќе биде насочен кон прашање околу кои имаа најмало несогласување. Постигнувањето на успеси во почетокот би требало да овозможи придвижување на динамиката за постигнување на други успеси кога ќе продолжиме да дискутираме за поделикатни теми, додаде Јеремиќ.

Вршителот на должност министер за надворешни работи на Косово Влора Читаку повтори дека во текот на дијалогот не може да се разговара за независноста на Косово.

- Никогаш повеќе нема да говорам за правото на Косово да постои како слободна нација, по се она што се случи во минатото. Независноста на Косово не е и нема да биде предмет на дискусија, додаде таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...