Тачи шеф на „мафијата“ за шверц на човечки органи

Советот на Европа во свој извештај го сомничи косовскиот премиер Хашим Тачи за поврзаност со организираниот криминал, како и за шверц на човечки органи и дрога.
Во извештајот повеќемина команданти на некогашната Ослободителна војска на Косово (ОВК) се обвинети за сериозни престапи и злоупотреба на човековите права, за организиран криминал и за шверц, а посебно за илегална трговија со бубрези што биле земани од киднапирани Срби и Албанци. Во периодот меѓу 1999 и 2000 година била вршена илегална трговија со човечки органи, при што се споменува т.н. група "Дреница" со која раководел Хашим Тачи, чија Демократска партија на Косово освои најмногу гласови на парламентарните избори одржани изминатиот викенд.

Дреничката група, што беше дел од ОВК, според авторите на извештајот, ги организирала тајните затвори на територијата на Албанија, во кои преку косовска-албанската граница биле префрлани киднапирани лица, главно од јужните делови на Косово.

Заклучоците во извештајот ги направи специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти кој 2,5 години водеше истрага за тврдењата околу шверцот со човечки органи земани од лица киднапирани од страна на ОВК, кои илегално биле чувани на разни локации во Албанија.

Марти открива дека луѓе биле убивани само за да им бидат извадени здравите бубрези во импровизирани болници сместени по селски куќи, кои потоа биле продавани во странство. Во извештајот се посочува една селска куќа во реонот на Фуса Круја во близината на аеродоромот во Тирана, што е одбрана заради полесно и побрзо префрлање на органите во странство, најчесто во Русија, Молдавија, Турција и Казахстан.

Според Марти, „оваа криминална активност“ се развила искористувајќи го хаосот во регионот и пред се по иницијатива на некои шефови на ОВК поврзани со организираниот криминал, а оваа активност продолжила и до денес, но во различна форма. Меѓу лицата обвинети за трговија е и историската личност на ОВК – Шаип Муја, хирург и сега советник во кабинетот на косовскиот министер за здравство, за кој според извештајот на Марти, постојат сомневања и показатели дека цели десет години бил вклучен во оваа трговија.

Марти уште тврди дека сведоците за овие настани молчеле, затоа сто се плашеле од одмазда или пак биле подмитени, но во своите заклучоци швајцарскиот пратеник се повикува на наодите на повеќе странски разузнавачки агенции.
Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, Марти, кој е поранешен обвинител, повикувајќи се на извори во тајните служби за борба против дрогата од пет земји, наведуваа дека Хашим Тачи и групата од Дреница ја контролираат тргоцијата со хероин од пред десет години. Службите на НАТО сметаат, дека Тачи е многу опасен кум на мафијата на ОВК, тврди Марти.

Во извештајот се изнесени критики и за меѓународните власти на Косово дека не спровеле соодветна и продлабочена истрага и покрај показателите за постоење на оваа трговија со органи. - Тие му дадоа предност на прагматичниот пристап на краткорочната стабилност жртвувајќи го притоа важниот принцип на правдата, смета Марти.

Извештајот на швајцарскиот парламентарец е долг 27 страници и ако тој биде усвоен утре, за него ќе се расправа на пленарната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) закажана за 25 јануари 2011 година.

При изготвувањето на извештајот Марти ги посети Белград, Приштина и Тирана каде се сретна со претставници на министерствата за правда и внатрешни работи, јавните обвинители и лицата задолжени за водење на истраги за воени злосторства, исто ако и со претставниците на меѓународните организации на Косово и пред се со семејствата на исчезнатите.

Во април 2008 година 17 членови на ПССЕ потпишаа предлог-резолуција со која побараа Асамблејата да ги испита тврдењата во книгата на поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте за недозволена трговија со органи во Косово.

Косовската влада, во првата реакција остро ги отфрли наводите во извештајот на Дик Марти, што официјално ќе биде објавен утре. Претставник на властите во Приштина оцени дека обвинувањата во извештајот на Советот на Европа се без секаква основа.

Според Владата, изнесените обвинувања се „измислици“ кои имаат за цел да ги „оцрнат ОВК и нејзините водачи“.
Лондонски „Тајмс“ пишува дека Тачи и другите лица посочени во извештајот на Советот на Европа за поврзаноста со организираниот криминал и шверцот на органи, треба да бидат повикани на одговорност.
Тоа според лондонскиот весник, како што јави дописникот на МИА од Лондон, треба да го направат косовските власти, што ќе биде вистиснкиот тест за легитимноста на Косово и за подготвеноста на новата држава да се зафати со решавање на проблемите.

Извештајот на Марти може да ја растресе земјата, што не значи дека е загрозена нејзината независноста која е неповратна, забележува весникот, додавајќи дека сепак документот ќе стави точка на досегашното „романтично гледање" на раѓањето на една нова држава.

Во Косово се случи крвава битка за власт меѓу косовските Албанци, што предизвика создавање на цела една генерација на жртви и насилници. Западот, пак, ги затвораше очите пред сето тоа, а сликата за српската агресија и за албанската наивност, му послужи како погодна основа за судењето на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ во Хаг, забележува „Тајмс“.

САД, Велика Британија и сите другите кои се залагаа за косовската независност ја игнорираа криминалната активност на Тачи, затоа што ним им беше важно да имаат силен и цврст политички лидер, карактеристики што тој ги покажа уште како учесник на меѓународните преговори за Косово што се одржаа во Рамбуе, констатира „Тајмс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...