Тадиќ е подготвен да разговара со Тачи

Белград, 16 декември 2010 (МИА) - Претседателот на Србија Борис Тадиќ изјави дека е подготвен да разговара со косовскиот премиер Хашим Тачи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, на кој инсистира ЕУ и покрај обвиненијата против Тачи содржани во извештајот на Советот на Европа.

- Мора да преговараме со секоја личност која косовските Албанци ќе ја избираат за свој легитимен претставник, нагласи Тадиќ.

Демократската партија на Косово на Тачи доби најголем број гласови на парламентарните избори, што се одржаа во неделата во Косово.

Два дена по изборите излезе извештајот на Дик Марти, од Советот на Европа, во кој косовскиот премиер се наведува како водач на група што се занимава со трговија со човечки органи, наркотици и оружје, од крајот на 90-тите години.

Тадиќ истакна дека обвиненијата треба да бидат ставени под истрага и дека меѓународната заедница треба да преземе соодветен однос по извештајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...