Логорите ги штитела Америка

Вечерње новости - Белград
 
Новости откриваат – Што открил специјалниот известувач Дик Марти за злосторствата на Хашим Тачи (1): Базите на „Дреничката група“ на Косово и во Албанија. Молчењето на САД и Западот. Гробницата во Кукеш.
 
КИДНАПЕРИТЕ  и монструозните касапења на Срби, Роми и нелојални Албанци, со цел нивните органи да се продадат на црниот пазар, биле познати на меѓународната заедница, во време кога беше при крај бомбардирањето на НАТО. Меѓутоа, меѓународните власти задолжени за овој дел на Европа не сметале дека треба да покренат детална истрага.

Ова го пишува Дик Марти, специјален известувач на Советот на Европа (СЕ) за прашањата за трговија со човечки органи на Косово и на северниот дел на Албанија, во извештај кој „Новости“ го имаа на увид.

- Доказите кои ги откривме се најважни, бидејќи се разликуваат од вообичаените слики на ОВК, како герила која се бореше да ги одбрани правата на својот народ на Косово – пишува Дик Марти.

Преку извештаите на своите разузнавачки служби, Европа знаела дека на почетокот и на крајот на секој криминал стои сегашниот премиер на Косово Хашим Тачи. Со прекарот кој го оправдува секој збор на Марти – Змија. Уште во 1999 година, разузнавачи на НАТО и уште најмалку четири земји го именувале Тачи за „најопасен шеф на мафијата на ОВК“. Меѓутоа, тоа остана само мртва буква на хартија.

Марти вели дека Тачи се издигнал меѓу своите граѓани и соборци, така што обезбедил политичка и дипломатска поддршка од Америка и останатите сили од Западот.

- Според деталните извештаи на разузнавачките служби кои детално ги испитувавме, „Дреничката група“ на Тачи изградила импресивна база на организиран криминал и на Косово и во Албанија – заклучува специјалниот известувач на СЕ врз основ на многу извештаи и сведоци. –

Имал поддршка и соучесници, не само од албански функционери, вклучувајќи ја и социјалистичката влада која во тоа време беше на власт, туку и од албански тајни служби и албанската мафија.

Доказите кои ги собрал Марти со своите соработници, несомнено докажуваат дека, како што се вели во „ад хок логорите“ се правеле големи злосторства.

- Идентификувавме најмалку седум логори во Албанија кои се наоѓале меѓу местата Цахан и планината Паштрик, на северниот дел од земјата, на патот за Дуреш, на Медитеранскиот брег на западна Албанија – се наведува во извештајот. – Тоа се Цахан, Кукеш, Бицај, Бурел, Рипа, Дуреш и можеби најзначајното место Фуше Крује. Тие не функционирале одделно, туку биле дел од добро организирана поврзана мрежа на незаконски активности во кои командантите на ОВК ја држеле контролата. Евидентно е дека секоја од нив имала своја намена и тоа во зависност од составот на затворениците, цел поради која е доведена и судбината која ги чекала затворениците на крај на престојот.

Еден од логорите за кои Марти собрал многу докази, се наоѓал во напуштена фабрика во Кукеш. Двајца директни сведоци му откриле како затворениците, откако биле доведени во логорот, биле затварани во привремени келии, оставани во нечистотија, без храна и вода, додека повремено ги посетувале војници на ОВК за да ги испитуваат и тепаат. Мачењето кое го претрпеле затворениците, го опишале во детали граѓани на Косово како и припадници на меѓународни сили од Канцеларијата на специјалниот обвинител на Косово.

- Повеќе од 10 Албанци кои дале изјава во 2009 и 2010 година, опишале како биле затворени на неопределено време, брутално тепани со палки и други предмети – открива Марти. – Неколку сведоци изјавиле дека криците од агонијата на луѓето кои биле мачени во келиите, одекнувале во ходниците.

Наспроти тоа што Владата на Албанија упорно тврдеше дека на нејзина територија не се закопани тела на лица поврзани со конфликтот на Косово, случајот „Кукеш“ покажува дека тоа не е точно! Пред се, телата биле фрлани во реки, а водата ги носела до границата на Албанија. Второ, познати се поединечни случаи на убиени граѓани на Косово, закопани во Албанија. Едно тело дури е ексхумирано и пренесено во Албанија за да биде пристојно погребано.

- Собравме и податоци од локалните гробишта во Куклеш кои даваат значајни информации: тела на убиени од Косово навистина се закопани во северна Албанија. Највалиден документ за тоа е „списокот на починати имигранти од Косово, од 28 март 1999 година – 17 јуни 1999 година“, кој на пет страни го подготвил претставник на јавната служба на општина Кукеш. И обвинителството за воени злосторства има сателитски фотографии на региони на кои има масовни гробници.

ПРОФ. Д-Р ЗОРАН СТАНКОВИЌ ОБЈАСНУВА КАКО РАБОТИ МРЕЖАТА ЗА ИЛЕГАЛНА ТРГОВИЈА СО ОРГАНИ ВО ТИМ ОД 50 ЕКСПЕРТИ

СОВРЕМЕНИ здравствени центри, добри хирурзи и цел мултидисциплиниран тим од најмалку 50 луѓе учествувале во илегална трговија на органи на северниот дел на Албанија, чии „донатори“ биле заробени Срби, Роми и нелојални Албанци.

Ова за „Новости“ го изјави проф. д-р Зоран Станковиќ, спрецијалист за судска медицина, по повод извештајот на Дик Марти дека во Албанија се убивале луѓе за трговија со органи.

- Жолтата куќа, колку што видов, немала можност за некој да се бави со трансплантација во неа, но најверојатно тој објект го користеле како затвор во кој се држеле затворениците – објаснува проф. д-р Станковиќ. За да биде успешна трансплантација на органи, потребни се стерилни услови за работа, опрема и добро обучени лекари. Пред самата интервенција потребно е да се направи типизација на органот. Според проф. д-р Станковиќ и кога се вадат сите органи кои можат да се трансплантираат, потребно е некое време за нивен транспорт. Најверојатно тоа се вршело со авион, бидејќи пресадувањето на орган мора да се заврши за неколку часа.

- За да се земе орган, телото мора да биде доведено во несвесна состојба, со давање на седативи или анестезија – истакнува нашиот соговорник.

- Заблуда е дека тие прво ги убивале, па мртви ги носеле до места на кои им се ваделе органите. Дури и кога се работи за кадаверични трансплантации, такво лице е во кома и на апарати. Тие најверојатно ги пуштале луѓето да умрат.

Проф. Станковиќ објаснува дека ако се најдат гробниците, со обдукција може да се види дали е вадено срце или некои коски од екстремитетите.
- Поради процесот на скапување нема меки ткива и невозможно е да се утврди дали се вадени бубрези, слезинка, белодробни крила од градниот кош... – вели проф. д-р Станковиќ. - Од друга страна, тие сигурно не воделе многу сметка за тоа како работат, туку да земат што повеќе материјал.

Од еден човек за трансплантација може да се земат бубрези, ткиво од градниот кош, слезинка, срце, очи, кожа, коскена срж и коски од екстремитетите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...