Меѓународната заедница не знаеше за трговијата со човечки органи

Лондон, 18 декември 2010 (MИА) - Поранешниот француски министер за надворешни работи и прв шеф на мисијата УНМИК во Косово, Бернар Кушнер изјави дека меѓународната заедница и нејзините институции не знаеле ништо за трговијата на човецки органи што ја извршувале припадници на поранешната ОВК, јави дописникот на МИА од Лондон.

Во изјава за Би-Би-Си, Кушнер рече дека не е точно оти разузнавачките служби и странските функционери кои тоа време работеле во Косово, знаеле што се случува, но дека молчеле.

Тој тврди дека доколку се знаело за таа трговија, секако, веднаш ќе се интервенирало.

- Во Косово секако имаше организиран криминал и за тоа знаевме, но за шверцот со човекови органи не знаевме ништо во времето кога јас бев таму, меѓу 1999 и 2001 година. Првпат за тоа слушнав од книгата на Карла дел Понте, вели Кушнер.

Овој француски политичар категорично го отфрла тврдењето на Марти во извештајот за тоа дека разузнавачките служби и меѓународните претставници направиле некаков таен договор со екстремните елементи на косовските Албанци, само за да се спречи тие да не предизвикуваат насилство.

- Го сожалувам Марти за таквите негови тврдења, затоа што знам дека постојано работевме против екстремизмот, убивањето и насилството, за да се елиминира криминалот што постоеше, вели Кушнер, признавајќи дека го почитува Марти, затоа што доаѓа од институција каква е Советот на Европа која го овластила да направи извештај за ксовските случувања од пред 11 години, но дека не знае кој е тој, затоа што во времето за кое сега зборува, го нема видено во Косово.

Првиот меѓународен претставник во мисијата во Косово, признава дека е скептичен кон наодите на Дик Марти, па дека затоа смета оти е неопходно да се изврши целосна меѓународна истрага, особено што според него, доказите што ги нуди известувачот „не се ниту малку убедливи“.

Истрагата ќе треба да ја спроведе ЕУЛЕКС, каде има правници, обвинители, судии и која во Косово ЕУ ја испрати токму поради решавањето на вакви случаи.

Она што сега е најважно по публикувањето на извештајот е да се одржат планираните разговори меѓу Приштина и Белград, затоа што тие се важни за мирот и стабилизацијата на регионот во кој досега е толку многу вложено, рече за Би-Би-Си Бернар Кушнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...