Албанија ги отфрли обвинувањата на Дик Марти

Тирана, 20 декември 2010 (МИА) - Албански официјални лица ги отфрлија обвинувањата дека државата е вклучена во трговијата со човечки органи, како што се тврди во извештајот на Дик Марти, известувачот на Советот на Европа.

Заменикот премиер на Албанија Илир Мета изјави дека извештајот на Марти е полн со предрасуди и дека е основан на невистини, а министерот за внатрешни работи Љуљзим Баша дека неговите тврдења се неосновани и дека не се докажани поради недостиг на факти.

Претходно извештајот на Дик Марти го отфрли претседателот Бамир Топи и премиерот Сали Бериша.

Министерот Баша во Скадар на прашањата од новинарите дека во некои медиуми се посочува дека бил присутен во „жолтата куќа“, изјави дека неговиот одговор на таквите обвинувања е ист како и во 2008 година кога се појавија мемоарите на поранешниот хашки обвинител Карла Дел Понте, дека тоа не е точно.

Тој нагласи дека во извештајот на Дик Марти се обновени „неосновани тврдења“ и дека со тие „измислици“ е направен напор да се фрли клевета на косовското раководство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...