Извештајот на Марти бара сеопфатна истрага

Белград, 20 декември 2010 (МИА) - Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави денеска дека извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти за трговијата со човечки органи на Косово и во Албанија треба да поттикне покренување на сеопфатна истрага.

- Извештајот бара сеопфатна истрага, која подразбира јасно да се утврди дали имало такви видови на злосторства на Косово и во Албанија и ако имало, кој е виновен за нив, истакна Тадиќ на одбележувањето на денот на Специјалните-антитерористички единици во Батајница.

Тој нагласи дека е неопходно да се покренат кривични постапки доколку се покажат како основани сомневањата во извештајот на Марти и оти тие кои се вмешани во таквите активности треба да бидат осудени на повеќедецениски казни затвор.

Тадиќ изјави дека универзален е принципот на пресумпција на невиноста се додека не се докаже вината, но оти со објавувањето на извештајот на Марти се создала една сосема поинаква ситуација, „имајќи предвид дека во меѓународната заедница конечно почна да се зборува и за злосторствата на Албанците“. 

- Србија со години чекаше во меѓународните институции да се појави еден таков извештај, рече Тадиќ, потсетувајќи дека Белград апелирал за расветлување на сите злосторства за време на воениот конфликт на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...