На Марти му се потребни добри адвокати

Виена, 22 декември 2010 (МИА) - Косовскиот премиер Хашим Тачи обвинувањата кои ги изнесе специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти на негова сметка ги нарече „измислици“, порачувајќи му на Марти да подготви добар тим на адвокати. 

Тачи во интервју за виенскиот весник „Пресе“, во врска со извештајот во кој се наведува дека тој бил шеф на криминална група за шверц на човечки органи во 1999 и 2000 година, изјави дека тоа се „чисти измислици“.

- Извештајот на Марти нема никаква основа и претставува антикосовски документ. Тој со своите обвинувања сака да извалка две независни држави - Косово и Албанија. Тој исто така ги напаѓа САД, земјите од ЕУ и ОН поради нивните улоги по војната. Тоа е политички извештај, кој не се заснова на факти, објасни косовскиот премиер.

Тој додаде дека ќе работи на тоа извештајот во целост да се провери и се да се разјасни.

- Му советувам на Марти да најде добар тим на адвокати, бидејќи ни под кои било услови нема да ја избегне правдата, порача Тачи.

Тој смета дека Марти составил ваков извештај од политички причини.

- Марти секогаш бил против слободата на Косово и против бомбардирањето на Србија од страна на НАТО во 1999 година. Тој е против независноста на Косово и ги изнесува ваквите обвинувања за да му наштети на имиџот на Косово и сите Албанци во регионот, со цел да го спречи процесот за меѓународно признавање на Косово. Тој исто така се обидува да постави препреки и на формирањето на нова влада во земјата по одржувањето на неодамнешните избори, објасни Тачи.

Косовскиот премиер смета дека обвинувањата против него нема да ги загрозат планираните разговори со Белград.

- Ние ќе ги одржиме тие разговори како што е планирано. Јас сум подготвен да се сретнам со српскиот претседател Борис Тадиќ, нагласи Тачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...