Обвиненијата против Тачи тешко да се докажат

Љубљана, 23 декември 2010 (МИА) - На Хашим Тачи, и покрај тешките обвиненија во врска со продавањето на човечки органи на Косово „не му се тресе тлото под нозете“, пишува љубљанско „Дело“, оценувајќи дека неговата вина е тешко да се докаже.

- Дека обвиненијата тешко можат да се докажат или сосема се недокажливи се гледа и од извештајот на Дик Марти, бидејќи не содржи конкретни докази, се истакнува во коментарот на најугледниот словенечки весник.

Се укажува исто така, „дека не е тајна оти на Косово - што потврдува постапката против лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај, кој веќе долго време е на обвинителната клупа во Хашкиот трибунал - брзо ја губи секоја трага за кривичните дела и злосторствата“.

- Во тоа светло обвиненијата на сметка на Тачи се притисок на најверојатно идниот мандатар, дека „мора да игра како други што ќе свират“, пишува „Дело“.

Како доказ за тоа свое тврдење, весникот го зема повикот на Тачи до претседателот на Србија Борис Тадиќ „на преговори за подобрување на односите меѓу државите“.

„Дело“ смета дека на доскорешните премиери на Хрватска, Црна Гора и на Косово им е заеднично тоа што „до вчера биле клучни партнери на највисоките државници на САД и ЕУ, кои ги отфрлија или дури сега ќе го направат тоа штом нема да им служат на нивните интереси“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...