Михаљ Кертес осуден на осум години затворБелград, 27 декември 2010 (МИА) - Поранешниот диртектор на Сојузната управа на царината (СУЦ), Михаљ Кертес денеска еосуден од Специјалниот суд во Белград на затворска казна од осум години поради продолженото кривично дело - злоупотреба на службената положбае.
Судот утврдил, дека Кертес приходите од царината наместо на сметката на сојузниот буџет ги упшлаќал на сметки на приватни и правни лица за финансисрање на Социјалистичката партија на Србија (СПС) во вкупен износ од 115 милиони германски марки, над 2,8 милиони долари и 826 милиони динари.
По налог на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ на сметките во кипарските банки Кертес ги уплаќал приходите од царината во износ од над 38,7 милиони марки.
Поради изнесувањсе на пари од земјите и оштетувањсе на сојузниот буџет Кертес е осдуден на шест години и осум месеци затвор, но судот го казни и со затвро од една година и шест месеци поради злосторството на Ибарската магистрала во 1999 година.
|