Косовските партии казнети со речиси 350.000 евра

Приштина, 27 декември 2010 (МИА) - Косовскиот Буџет ќе биде зголемен за речиси 350.000 евра, колку што изнесуваат казните за извршени прекршоци што треба да ги платат политичките партии кои учествуваа на вонредните парламентарни избори одржани на 12 декември.

Комисијата за жалби и приговори на Централната изборна комисија со големи износи казни девет партии и коалиции, а највисоката казна во висина од 135.600 евра заработи Демократската партија за Косово на Хашим Тачи, која и победи на изборите.

Казните се изречени поради нерегуларности на изборите и кршење на правилата на предизборната кампања.

Демократскиот сојуз на Косово е казнет со 83.450 евра, Алијансата за ново Косово со 38.850 евра, движењето Самоопределување со 6.250 евра, Демократскиот сојуз Дарданија со 4.450 евра, движењето ФЕР со 4.200 евра, Партијата на малцинствата со 3.050 евра и Самостојната либерална партија со 3.000 евра.

Со помали износи се казнети и останатите партии што учествуваа на изборите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малиот Трпе се враќа од школо.
- Тато, ај да честиш!
- Што бе да не помина одличен?
- Не, сите деца догодина ќе мораат да купуваат нови книги, а јас ќе си одам пак со старите.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1925.- Во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња,...
1945.- Со одлука на Европската консултативна...
1984.- Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја...
1987.- Во Скопје умре Крсто Симовски, учесник во...