Хрватските власти почнаа да го запленуваат имотот на Санадер

Загреб, 27 декември 2010 (МИА) - Хрватските власти почнаа денеска во Загреб да го запленуваат имотот на поранешниот премиер Иво Санадер, на кого за уште еден месец му е продолжен притворот во Австрија.

Десетина судски извршители и полицајци влегоа изутрината во вилата на семејството Санадер во Загреб, од која привремено треба да одземат колекција од уметнички дела.

Жената на Санадер, Мирјана по едночасовното нејавување, сепак им отворила врата на извршителите и полицијата. Еден од членовите на адвокатскиот тим на Санадер, загрепскиот адвокат Иван Ловриќ изјави дека вратата на вилата се заглавила и најави жалба на судската одлука за привремено одземање на уметничките дела.

- Ќе се жалиме на таа одлука пред истражниот судија на загрепскиот Жупаниски суд, но и за се за што постои можност да се поднесе жалба, рече Ловриќ.

Привременото одземање на уметнички дела го одобри истражниот судија на барање на Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, која пред десетина дена го блокираше имотот на Санадер и на неговото потесно семејство, меѓу останатотото и неколку банкарски сметки во Хрватска.

Уметничките дела ќе бидат привремено одеземени како гаранција дека државата ќе може да ги наплати побарувањата, доколку во судска постапка правосилно се докаже вината на Санадер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува постара госпоѓа во секс шоп и збори со пелтечење:
Госпоѓа: Даааалииии проодааваате вииибраатоории?
Продавач: Да!
Госпоѓа: Имааатее лии моодеел 4иии?
Продавач: Да,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1908.- Турција е прогласена за уставна...
1923.- Грција, Турција и сојузничките сили во...
1946.- Во Пацификот, во близина на островот...
1957.- Во Прилеп умре Методија Андонов - Ченто,...