ЕУЛЕКС е немоќен

Франкфурт, 27 јануари 2011 (МИА) - Специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти изјави дека ЕУЛЕКС, каков што е денес, е немоќен да ја истражи трговијата со човечки органи и затоа треба да се создаде ад хок структура, која би била основана посебно за истрагата на овој случај и која ќе се наоѓа надвор од Косово.

Марти во интервју за франкфуртскиот весник „Вестима“ истакна дека постои опасност се да се заврши на поддршка на неговиот извештај.

- Потребно е да биде создадена една правосудна структура ад хок, основана посебно за истрагата на трговијата со органи, која би се наоѓала надвор од Косово и која ќе има право да применува мерки што ќе ги штитат сведоците и нивните семејства, не само за време на процесот туку и по него. Сведоците имаат толку многу работи да кажат, но стравуваат доколку биде откриен нивниот идентитет, додаде Марти.

- ЕУЛЕКС, онака како што е приморан да работи денес и како што е организиран, не верувам дека може да спроведе истрага на сериозен начин. Всушност, ако се погледнат државните судства и меѓународното правосудство во регионот, овие структури не биле способни да ги заштитат сведоците. Штом станува збор за процес на високо ниво или каде што се допира извесно ниво во криминалната хиерархија, констатираме дека сведочењата стануваат не само тешко изводливи туку и невозможни, нагласи известувачот на Советот на Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...