Убивањето сведоци е скандал, а не мојот извештај

Љубљана, 12 февруари 2011 (МИА) - Фактот дека убивањето сведоци на Косово никого во Европа не го допре и дека во Европа сите за тоа молчеле е вистинскиот скандал, а не мојот извештај за трговијата со органи, изјави специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти, истакнувајќи дека на Косово се убиени повеќе десетици луѓе кои сведочеле за злосторствата.

- Последните години на Косово убиени се повеќе десетици луѓе кои сведочеа за извршените злосторства. Меѓутоа, убивањето сведоци никого во Европа не допре. Сите молчеа. Тоа е вистинскиот скандал, а не мојот извештај во кој го запишав она што многумина го знаат многу долго, истакна Марти, во интервју за словенечко „Дело“.

Марти рече дека сите имиња кои ги навел во извештајот, вклучувајќи го и Хашим Тачи, со години се појавуваат во полициските извештаи, дипломатските телеграми, криминолошките студии и извештаите на многу странски разузнавачки служби - од американската ФБИ до британската МИ6, италијанската СИСМИ и германската ДНД.

- Значи, на Западот цело време многу добро знаеле што се случува на Косово, но никоју ништо не направи, рече Марти.

Што се однесува до решавањето на проблемот изнесен во неговиот извештај, Марти рече дека повеќе им верува на Американците отколку на Европјаните.

- Затоа што на Балканот се значително поомилени. Мислам дека решението на САД за Косово би било полесно прифатливо отколку каков и да е указ од ЕУ. Брисел тука не значи многу. Ни ЕУЛЕКС. Туку се подготвени само Американците да ги послушаат, вели Марти.

Тој оцени дека Брисел ќе направи се што е можно само случајот што побрзо да се заборави и никогаш нема да го прифати „единственото решение“ - формирање посебна истражна единица надвор од Косово, со посебни овластувања и со многу сериозна програма за заштита на сведоци.

- Европа тоа никогаш нема да го прифати, бидејќи знае дека моите сведоци навистина ќе проговорат и ќе откријат дека добар дел од европската политика цело време знаеле што се случува на Косово. Милите дека во Брисел навистина сакаат да чујат такво нешто?“, прашува Марти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...