Беџет Пацоли ќе биде нов претседател на Косово

Приштина, 15 февруари 2011 (МИА) - Еден од најбогатите Албанци во светот и лидер на Алијансата за ново Косово (АКР), Беџет Пацоли ќе биде новиот косовски претседател, реши Советот на Демократската партија на Косово (ПДК) на синоќешната седница на која е верификувана коалицијата меѓу двете партии.

Според коалицискиот договор, како што јави дописникот на МИА, АКР ја добива функцијата шеф на државата, додека ПДК местата премиер и претседател на Парламентот. 

- Партискиот совет одлучи да влеземе во коалиција со АКР, со листата „Д-р Ибрахим Ругова“ и со партите на малцинствата. Сега останува оваа одлука да ја имплементира Претседателството на партијата, изјави доцна синоќа потпретседател на ПДК, Хајредин Кучи.

Пацоли, кој категорично инсистираше да биде претседател на земјата, затоа што, според него, на таа функција „може најмногу да придонесе за Косово“, со лидерот на ПДК, Хашим Тачи се договориле и за поделба на ресорите во идната влада.

ПДК во новата влада ќе го даде премиерот, еден вице-премиер и осум министри, а АКР добива едно вице-премиерско место и три министерски. Листата „Д-р Ибрахим Ругова“ ќе добие едно министерско место, српските партии добиваат три министерски ресори, a партиите на останатите малцинства ќе дадат два министри и еден вице-премиер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...