Советот за безбедност на ОН ќе расправа за Косово

Њујорк, 15 февруари 2011 (МИА) - Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе го разгледа најновиот извештај на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун за ситуацијата на Косово.

Најновиот тримесечен извештај на Бан Ки-мун се однесува на периодот од 19 октомври минатата година до 15 јануари оваа година.

Тој во извештајот наведува дека УНМИК е подготвен во целост да ја поддржи истрагата за трговијата со човечки органи на Косово, како и дека очекува во следниот период да има напредок во отворањето на дијалог меѓу Белград и Приштина.

- Објавувањето на извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти за нехуманото постапување со заробениците и трговијата со човечки органи на Косово, како и едногласното усвојување на резолуцијата во Парламентарното собрание на СЕ, предизвика различни реакции и бран незадоволство кај политичарите на Косово и во Албанија, се нагласува во извештајот на Бан Ки-мун, јави Танјуг.

Бан Ки-мун истакнува дека УНМИК останува подготвен да ја даде својата целосна поддршка за секоја евентуална натамошна истрага на тие тврдења, која би можела да се води во иднина.

Во извештајот се напомнува дека косовските власти ги отфрлиле наводите на Марти како криминален напад против Албанците, нагласувајќи оти документот е полн со измислици, претпоставки и непостоечки факти, кои меѓународната правда не ги докажала, а ги поддржува мрежата на оние кои се противат на независноста на Косово.

Србија, пак, додава Бан Ки-мун, го поздравува извештајот на Марти како независна потврда на нејзините тврдења за трговија со човечки органи на Косово.

Во извештајот тој нагласува дека УНКИК уште во 2003 година на Хашкиот трибунал му дал информации и му ги изнел своите наоди во врска со овие тврдења, како и дека кон крајот на 2008 година и почетокот на 2009 година УНМИК сите споменати досиеја и ги предал на ЕУЛЕКС.

Целокупната ситуација на Косово Бан Ки-мун ја оценува како релативно мирна, но потенцијално нестабилна. Тој напоменува дека организираниот криминал и натаму предизвикува загриженост, особено тој поврзан со трговијата со наркотици и криумчарење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...