Србија се залага за истрага на Косово со мандат на ОН

Њујорк, 16 февруари 2011 (МИА) - Србија на денешната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации официјално ќе побара да биде покренат истражен механизам со кој ќе бидат испитани наводите во извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти, изјави министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ.

Српскиот министер за надворешни работи ќе ги застапува ставовите на Србија на седницата на Советот за безбедност на ОН на која ќе биде разгледан најновиот извештај на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за ситуацијата на Косово.

- Сите воени злосторства извршени за време на војните во поранешна Југославија досега беа истражувани преку мандатот на Советот за безбедност на ОН и Советот беше известуван за наодите на тие истраги. Не смее да биде поинаку ниту во оваа ситуација, истакна Јеремиќ.

Јеремиќ предупреди дека ЕУЛЕКС не може самостојно да води истрага, бидејќи нема територијална јурисдикција над сите земји каде треба да биде истражен овој случај, туку има мандат само на Косово.

Од друга страна, мора да се обезбедат капацитети тој истражен механизам без разлика каков и да биде да може да ги заштити сведоците, нагласи Јеремиќ, истакнувајќи дека за проблемот со заштита на сведоците се зборува и во извештајот на Марти.

Според Јеремиќ Србија во изминатите неколку дена имала интензивни консултации со сите земји членки на Советот за безбедност на ОН со цел да обезбеди што е можно поголема поддршка на оваа иницијатива на седницата.

- Не очекуваме дебатата да заврши денеска. Ова е само почеток на дебатата и разговорите во рамките на Советот за безбедност. Србија ќе продолжи да инсистира за покренување соодветна меѓународна истрага со мандат на Советот за безбедност на ОН, истакна Јеремиќ.

Постои голем интерес за седницата, бидејќи извештајот кој ќе биде поднесен од Бан Ки Мун го опфаќа периодот од 19 октомври 2010 година до 15 јануари оваа година, кога Марти го поднесе својот извештај до Советот на Европа.

Во својот извештај Генералниот секретар наведува дека УНМИК е подготвен во целост да поддржи истрага за трговијата со човечки органи на Косово.

Генералниот секретар на ОН за првпат поднесува извештај за Косово до Советот за безбедност во неговиот нов состав, во кој влегуваат сите земји од БРИК, Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...