Косово одбележува три години од прогласувањето независност

Приштина, 17 февруари 2011 (МИА) - Косово денеска ќе ја одбележи тригодишнината од прогласувањето независност.
Како што објави приштинскиот весник „Коха диторе“, на државно ниво не е предвидена ниту една церемонија, па празникот ќе биде одбележан само на локално општинско ниво.

Празникот се очекува да помине во мрачна атмосфера откако угледот на Косово беше нарушен со извештајот на Дик Марти за вмешаноста на високи политички функционери, меѓу кои лично и премиерот Хашим Тачи, во наводна трговија со човечки органи.

Според весникот, три години по независност косовската економија останува слаба, а невработеноста и натаму е најголема во регионот со 40 проценти, според официјалните податоци.

По политичката криза кон крајот на минатата година и предвремените парламентарни избори на 12 декември, на кои победи Демократската партија на Косово на Хашим Тачи, државата се уште нема Влада. Тачи, кој доби мандат да формира нова влада, изјави дека разговорите за нова коалиција ќе завршат до крајот на седмицата.

Тачи постигна договор за коалиција со претседателот на Алијансата на ново Косово Беџет Пацоли, кој ќе ја добие претседателската функција и три министерски места за неговата партија. Во идната коалициска влада, Тачи смета на поддршката на мнозинството српски пратеници и на претставниците на останатите заедници.

На последната седница на Владата во досегашниот состав Тачи изјави, дека негов приоритет ќе бидат реформите и дијалогот со Белград, кој според него, ќе доведе до признавање на Косово од страна на Србија.

Три години од прогласувањето на независноста, Косово е признато од 75 држави во светот, меѓу кои САД и 22 држави од ЕУ, додека Србија и натаму го смета за своја јужна покраина.

Конститутивната седница на косовското Собрание ќе се одржи следната седмица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...