Животот на разбојникот

Мислите дека Мубарак е лош? Косовските лидери се осомничени дека се силеџии кои шверцуваат човечки органи и дрога, а САД замижуваат на тоа


Со огномет и пукање, Косово кое е најмлада Европска држава, го прослави својот трет роденден во четвртокот на 17-ти февруари. Но, зад сцената на славењето во главниот град Приштина јасно е дека ќе биде потребно многу повеќе од мафтањето на знаменца, за неискусната држава да се извади од насилствата.

Покрај сите надежи во оваа млада демократија, таа се уште се бори да победи во својата битка: таа сеуште нема свој меѓународен поштенски и телефонски код; не може да воспостави своја ИП адреса; нејзините спортисти не се во можност да учествуваат на меѓународни натпревари; илјадници војници на НАТО сеу ште се стационирани во земјата, а косовските Албанци можат да патуваат без визи само во пет земји во светот, од кои една е Хаити. Со оглед на тоа дека само 75 од 192 членки на ОН ја признаа новата држава, таа моментално се наоѓа во чистилиштето на државната квазисувереност.

Во меѓувреме, почетокот на годината дава ветување за новите држави и нивниот поредок. Режимите во Тунис и Египет паднаа. Јужен Судан едногласно прогласи независност. Бранот на реформски протести продолжува во Блискиот исток. По кусото дипломатско двоумење, САД во својот процес на воспоставување на односи со владите во формирање во Северна Африка, ги потврдија своите заложби за принципи за самоопределување и човекови права, ветувајќи поддршка на „принципите, процесите и институциите, а не на личности“.

Проблемот е во тоа дека анализата на успесите во основањето на државите по студената војна, покажува дека нивниот развој и власт најдобро функционирале кога населението се собирало околу нивниот водач, додека немањето на таков лидер придонело за неуспех. Лидерите мора да се придржуваат на принципите на демократијате и човековите права, но истовремено за тие вредности мора да се залага народот.

И тука доаѓаме до стапицата: додека САД се соочуваат со сопствената неможност (или поради недостиг на средства или од страв од мешање) да ја искористат силата за пад на режимите во Тунис и Каиро, тие пак имаат можност да влијаат на промените и да промовираат транспарентна власт во Приштина, каде банда разбојнички лидери – припадници на Ослободителната Војска на Косово (ОВК), се осомничени за воени злосторства и шверц на оружје – денес управуваат со државата. Но, до денес Вашингтон не сакаше да изврши притисок на косовските лидери и во својата слабост фрлаше милијарди долари низ вода со ризик Косовската држава да ја претвори во кримократија.

Помош поголема од помошта за Египет

Додека изминатите недели многу се зборуваше за американската финансиска помош за режимот на египетскиот претседател Хосни Мубарак и автократските диктатури, косовската демократија добиваше многу поголема американска директна помош во текот на изминатите години. Во 2010 година Косово, по глава на жител доби дупло повеќе американска помош отколку Египет. Но, по повеќе од една деценија огромно инвестирање и најдобро опремената хуманитарна мисија во историјата, Косово во четвртата година од својата независност влегува внатрешно нестабилна.

Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ побара од Советот за Безбедност на ОН да ги истражи наводите за трговијата со органи и други тешки воени злосторства за кои Советот на Европа го извести швајцарскиот европарламентарец и поранешен обвинител Дик Марти, во декември 2010 година. Ѕверствата наводно биле вршени над етнички Срби и Албанци кои биле обвинети за соработка со српските сили во текот на војната во поранешната српска покраина во 1998-1999 година. Обвинети се високи функционери на косовската власт.

Излегува дека поддршката од САД на најмладата демократија била лоша за економската безбедност, политичката нестабилност и демократските вредности исто колку и поддршката на автократските режими во светот. Косово останува најсиромашна држава во Европа. Речиси половината од населението не работи и живее во сиромаштија, 14 отсто се под границата на сиромаштија.

Косовските жени се со највисока стапка на наталитет во Европа, но истовремено се соочуваат и со највисока стапка на морталитет при породување и највисок процент на детски морталитет. Само еден од пет млади под 25 години се вработени. Ограничен е пристапот до здравствени установи и образовни институции надвор од градовите. Снабдувањето со електрична енергија остана лошо, наспроти донациите кои надминуваат 1,1 милијарда евра.

Секако, економскиот развој во повоените општества може да биде бавен и тежок. Светот не треба да очекува дека инвестициите веднаш ќе вродат со плод. Но, поддршката на Косово се темели на развојот на една политички стабилна демократска држава. Во реалноста тоа ја продлабочи политичката поделба во веќе поделената влада и создаде елита која денес е над законот. Не успевајќи во подобрувањето на лошата економија и животниот стандард, поранешните моќници на ОВК во центарот на власта успеаја некако да акумулираат лично богатство и тоа во голема количина, преку активностите со кои се бават. Нивната политика за развој и изградба на државата се темели на задржување на лична превласт над законите, институциите, безбедноста и поредокот на државата.

До 2010 година одржливата стабилност на Косово – или барем така изгледа – беше приоритет на меѓународната заедница и тоа наспроти очигледните докази за вмешаноста на високи функционери на власта во корупциски дејности. Но, додека се слеваше меѓународната парична помош во 2010 година, пукна се. Бранот на сомнежите за организиран криминал, воените злосторства и корупцијата, ги преплави високите функционери на косовската влада и лидерите на најголемите политички партии.

Криминална влада

Меѓународната полиција на 28 април во 2010 година изврши упад во куќата и канцеларијата на министерот за транспорт и телекомуникации Фатмир Лимај, поради поврзаност со еден случај на корупција во инфраструктурата, вреден 700 милиони евра. Осомничен за подмитување и перење на околу 2 милиона евра од јавниот буџет, Лимај беше под двегодишна истрага, која почна по неговото преземање на јавната функција во јануари 2008 година. Тогаш тој се врати од Хаг, каде беше обвинет но никогаш не беше осуден за илегален притвор, тортура и нехумани дела во текот на војната со српските сили во 1998-1999 година.

За време на апсењето на Лимај, ЕУЛЕКС објави дека тој е само еден од седумте министри против кои се води истрага поради вмешаност во организиран криминал и корупција. Два месеца по рацијата на Лимај, во јули 2010 година поранешниот популарен премиер на Косово Рамуш Харадинај, по втор пат беше обвинет во Хаг за воени злосторства вклучувајќи и тортура, силувања и злосторства против човештвото. Неговото барање за привремено пуштање на слобода беше одбиено и тој моментално чека судење во затворска келија на ОН во Хаг. А на 31 јануари опозициската партија која ја води од затворската ќелија – Алијанса за иднината на Косово – го зазема четвртото место на изборите со освоени 11 отсто гласови.

Содржината која протече од Советот на Европа неколку дена по првите косовски избори, фрли светло на криминалот и корупцијата на Косово. Известувачот за човекови права Дик Марти на 12 декември поднесе извештај до Советот на Европа кој содржи обвиненија против локалните лидери и меѓународните мисии на Косово.

Во извештајот се наведува дека Хашкиот трибунал, ОН и НАТО и некои западни влади, не успеале детално да ги истражат тешките воени злосторства кои ги извршиле единиците на ОВК, под името Дреничка група. Според извештајот на Марти, единицата ги контролирала и користела трговските патишта преку Проклетије близу косовско-албанската граница. Тој наведува дека групата многу се збогатила снабдувајќи ги локалните единици со оружје, но и со трговија на луѓе, хероин и човечки органи извадени од српски и албански воени заробеници.

Извештајот на Марти, како лидер на Дреничката група го идентификуваше човекот со прекарот „Змија“, т.е. Хашим Тачи, кој е прогласен за премиер и тоа по втор пат. Тој официјално стапи на власт токму за прославата на третата година од независноста. Целото осомничено косовско лидерство брзо реагираше и ја обвини меѓународната заедница за „политички линч“, за мешање во внатрешните работи на една суверена држава и за несоодветно покренување на истрага кон една независна влада.

Да е само така?

Всушност, аспектот кој најмногу ги вознемирува меѓу сите овие настани е откритието дека косовските разбојници го должат својот успех и неказнетите злосторства на таа иста меѓународна заедница, поточно на САД.

Од самиот почеток на интервенцијата на НАТО во Косово во јуни 1999 година, американската стратегија на 78 дневното бомбардирање, ги убедуваше сојузничките сили дека се борат против српските ѕверства.

Со воздржувањето од копнена интервенција ја оставија на ОВК одговорноста за водење на копнени операции, што остави тешки последици за албанските востаници и малцинствата на Косово. Летото 1999 година беше време за жестока одмазда, во кое беа убиени околу 50 српски и ромски цивили и тоа само една недела пред влегувањето на меѓународните сили на Косово.

Американска стратегија

Оваа стратегија исто така определи под кои услови односот на меѓузависноста на Западот и поранешните лидери на ОВК ќе ја одржи стабилноста на Косово, за која беше потребно долго време да се воспостави по интервенцијата во 1999 година. Во текот на периодот по бомбардирањето, кој беше потребен за НАТО и ОН да воспостават контрола, присуството и акциите на ОВК создадоа перцепција кај локалното население дека тие имале поддршка од американските и меѓународните сили.

Американците не направија многу да ја сменат таа перцепција: нивното лоби и поддршка дадоа на ОВК легитимитет за транзиција од вооружена банда во големи политички ѕверки.

Во 1999 година САД го промовираа Тачи како херој кога државната секретарка Медлин Олбрајт го бакна во образ во текот на посетата на Косово. По интервенцијата во 2004 година, сите вработени во Американската амбасада во Приштина беа поканети на свадбата на Рамуш Харадинај, без оглед на неговите врски со организиран криминал и обвиненијата за воени злосторства. Неодамна, истата ноќ при упадот на полицијата во куќата и канцеларијата на Лимај, амбасадорот на САД на Косово, Кристофер Дел е виден како се смее и разговара со министерот на една добро посетена журка во Приштина.

Тешко може да се види како една демократија и човековите права би можеле да се развиваат, кога Америка отворено дава поддршка на едно криминално и корумпирано лидерство. Како во Египет и на Блискиот исток, политиката на неказнување скапо ги чинеше плановите на Америка и нејзините западни сојузници. Поддршката на косовските лидери ги спречи сите обиди за истрага за злосторствата и корупцијата. Воените злосторства во текот на конфликтот во 1998-1999 година и непосредно потоа, никогаш не беа истражени, дури и во некои случаи беа прикривани.

Експертите во областа на меѓународното право се жалеа дека постапувањето со воените злосторства во ОН „секогаш било од политичка природа“ и дека некои „случаи на УНМИК“ се испратени во Њујорк (каде се наоѓа седиштето на ОН) наместо да бидат решени. Тие тврдат дека мешањето на политиката спречи некои случаи да стигнат пред суд поради тоа што „тоа би имало големи политички последици“. Неколку дена пред почетокот на прославата на независноста, обвиненијата добија на значење поради цурење на доверливи документи на ОН, кои покажуваат дека УНМИК водел нецелосна истрага во случајот со трговија со органи, кога УНМИК имал целосна контрола и надлежност на истрагата и гонењето на воените злосторства.

Фактот дека Косово одржува избори треба да биде мала утеха за луѓето од американската надворешна политика, кои даваат приоритет на принципи а не на личности. Демократијата не го спречи Западот да поддржи и постави сакани личности во земји од геополитичка и стратешка важност. Се работи за локални моќници кои повоените општества ги контролираат со тупаница, а не со владеење на правото.

Додека САД и нивните сојузници размислуваат како да го поддржат новиот бран на демократизацијата, мора да се признае дека тоа значи – доказ за тоа е политиката кон Косово се до денес – поддршка на сили, а не на вредности. Како што Кондолиза Рајс забележа во нејзиниот неуспешен говор во 2005 година, поддршката на автократите на Блискиот исток не донесува ниту стабилност ниту демократија. Лесно е на САД да тврдат дека не смеат да поддржуваат личности, туку да се дозволи народот сам да одлучи за лидерите. Но, тоа е и удобен начин да се избегне одговорноста додека се проповедаат принципи за демократија од далечина, префрлувајќи ја вината кога работите ќе тргнат лошо, на општества кои сеуште се опоравуваат од граѓански војни.

Првиот принцип за помош во формирање на новите демократии мора да биде поддршка на механизми во кои никој не може да презема дејности кои се над законот. Дури и во регионот како што е Косово каде влијанието на Западот може да изгледа апсолутно моќно, оставањето на простор за неказнување загрозува се што може да биде постигнато.

Форин Полиси - Вашингтон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...