Сакам Косово да биде мултиетничка држава

Приштина, 25 февруари 2011 (МИА) - Новоизбраниот косовски претседател Беџет Пацоли изјави дека има за цел да го направи Косово модерна мултиетничка држава.

- Сакам моите сограѓани да заборават на минатото и омразата кон Србите и да прифатат мултиетничност, изјави Пацоли во интервју за интернет страницата „Суисинфо“. Тоа е прво негово интервју по неговиот избор за претседател на Косово.

Без да зборува повеќе за историјата на конфликтот во Косово, Пацоли истакна дека во војната се извршени злосторства од двете страни и дека сака да го затвори тоа поглавје на воени злосторства.

Пацоли нагласи дека постојат многу пречки за да добие целосна доверба од жителите на Косово, но дека сепак ќе ги надмине.

- Сакам сонародниците да го заборават минатото и омразата кон Србите и да прифатат мултиетничност. Тоа ќе биде тешко, но ќе го постигнеме во соработка со премиерот и владата, изјави новиот претседател на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...