Русија и Србија се најдобри пријатели

Белград, 19 април 2011 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Србија и Русија, Вук Јеремиќ и Сергеј Лавров денеска во Белград изразија согласност дека односите на двете земји се пријателски, блиски и во нагорна линија, што ќе биде потврдено и со потпишувањето на договорот за стратешко партнерство.

Овој договор ќе биде потпишан за време на посетата на српскиот претседател Борис Тадиќ на Москва, која се очекува во блиска иднина, а до крајот на годината е планирана и средба на премиерите Владимир Путин и Мирко Цветковиќ.

По средбата во Министерството за надворешни работи, Јеремиќ односите на Србија и Русија ги означи како сеопфатни, содржински и во нагорна линија.

- Тоа е однос на заемно пријателство и недвосмислена меѓусебна поддршка, која со ништо не е условена. Заснована е на разбирање, а таква поддршка на меѓународната сцена може да се добие само од најдобрите пријатели. Србија и Русија денес се најдобри пријатели, истакна Јеремиќ.

Според српскиот министер за надворешни работи, голем дел од разговорите бил посветен на економската соработка, а особено на енергетиката.

Главен приоритет има проектот „Јужен поток“, но и новите проекти во областа на фармацијата и инфрастуктурата, за што Цветковиќ детално ќе разговара со Путин во Москва, нагласи Јеремиќ.

Во областа на културата, за оваа година во Москва е предвидено да се одржи Ден на српската култура во Русија, а Русија ќе помогне во сликањето на храмот на Свети Сава.

Лавров најави изработка на нова програма за соработка во областа на културата, науката, образованието и спортот во период од четири години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...