Уапсен Ратко Младиќ

Белград, 26 мај 2011 (МИА) - Поранешниот командант на армијата на Република Српска, Ратко Младиќ кој Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија го терети за геноцид и други злосторства против човештвото, уапсен е денеска на територијата на Србија, соопшти претседателот на Србија, Борис Тадиќ.


Куќата во која е уапсен Младиќ

Тадиќ на вонредната прес-конференција рече дека со тоа апсење е „избришан срамот од Србија“.

- Им честитам на акциониот тим на Советот за национална безбедност кој од формирањето на Владата од август 2008 година, секој ден, час и минута интензивно работеше на откривањето на обвинетите за воени злосторства. Уште еднаш е потврдено дека Србија во полн капацитет ја довршуваше соработката со Хашкиот Трибунал трагајќи за обвинетите и затворајќи ја тешката страница на нашата историја, рече Тадиќ.

Тадиќ дополни дека акцијата покажа дека безбедносните институции на Србија коориднирани од страна на Советот за национална безбедност ја направија Србија безбедна и обезбедиле владеење на правото.

Претседателот рече дека истрагата за хашките обвинети позитивно влијае на изградбата на капацитетот на безбедносните институции на Србија и најави не само апсење на Горан Хаџиќ, туку и апсење на сите организатори на „големот криминал“, до крајот на мандатот на оваа Влада.

Петседателот на Србија не даде детали за апсењето на Ратко Младиќ објаснуваќи дека тоа ќе го направи БИА и другите надлежни институции. Прашан како е можно датата на апсење на Младиќ да е коинциденција со посетата на високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, Тадиќ рече дека Србија „не калкулираше кога да се уапси Младиќ и дека соработувале со Хашкиот Трибунал од почеток на мандатот.

- Со ова се завршува процесот на потрага по Ратко Младиќ и Србија се приближува кон крајот на соработката со хашкиот Трибунал. Истовремено да не заборавиме дека треба да ја завршиме истрагата околу Горан Хаџиќ. Со ова не се завршува истрагата за тоа кој го криел Ратко Младиќ и дали тоа го правеле некои институции во државата Србија. Сите кои тоа го правеле ќе бидат процесуирани и предадени на истражните органи, порача Тадиќ.

На прашањето дали очекува протести заради апсењето на Младиќ, Тадиќ рече дека Србија ги исполнува своите законски обврски и дека како претседател ќе направи се да и понатаму биде стабилна државата.

- Не очекувам дека Србија заради апсењето на Ратко Младиќ и почитувањето на своите закони ќе влезе во нестабилност, секој кој ќе се обидува нешто такво да направи ќе биде судски гонет, предупреди Тадиќ.

Претседателот изрази уверување дека со апсењето на Младиќ е отворената вратата за добивање кандидатура за членство во ЕУ, датум на преговори, а на крајот и членство.

- Повеќе никој нема дилема во светот дека Србија со целосна исреност соработува со Хашкиот Трибунал, рече Тадиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...