Младиќ препознаен по прстенот што го носел на себе

Загреб, 27 мај 2011 (МИА) - Ратко Младиќ го идентификувал „поткажувач“ на полицијата врз основа на неговиот прстен, објави загрепски Јутарњи лист кој во својот извештај истакнува дека прв објавил вест за апсењето на Младиќ.



Весникот наведува дека БИА пред неколку месеци утврдила дека најбараниот хашки бегалец можно е да се наоѓа во околина на Зрењанин каде живеат негови роднини и за тоа го информирала претседателот Борис Тадиќ и специјалното обвинителство за воени злосторства на Србија. 

Таа информација Тадиќ ја пренел до хашкиот обвинител Серж Брамерц кој не бил задоволен и инсистирал на прецизно лоцирање и апсење на Младиќ, наведува весникот.

 Пресврт било кога до полицијата стигнала информација за Милорад Комадиќ како лице кое можно е да биде Ратко Младиќ.

Акцијата била брза и спроведена од специјалци а Младиќ во куќата бил со роднина, не давал отпор иако имал два пиштола со себе. Специјалците не наишле на никаков отпор, пишува Јутарњи лист додавајќи дека Младиќ рекол дека не сакал да ги убие „децата кои дошле да го апсат“. 

Според весникот, Младиќ во Лазарево бил забележан речиси случајно, неколку дена пред самото апсење, а го „предал“ прстенот со темен полудраг камен од кој не се одвојувал цело време на војната, па ни за време на воените злосторства во Сребреница. Прстенот го препознал полицискиот „информатор“ и го известил српското МВР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...