Судот во Белград ја одби жалбата на Ратко Младиќ

Белград, 31 мај 2011 (МИА) - Жалбата на поранешниот команднат на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ против неговата екстрадиција во Хаг е одбиена од Судот во Белград, соопшти српскиот заменик обвинител за воени злосторства Бруно Векериќ.

Младиќ ќе биде екстрадиран „што е можно побрзо“ во Хашкиот трибунал, истакна Векериќ.

Тој нагласи дека Младиќ ќе биде екстрадиран, откако српскиот министер за правда ќе ја потпише наредбата за екстрадиција, што се очекува набрзо и со што ќе се отвори патот за негово итно предавање на Хашкиот суд 

Адвокатот на Ратко Младиќ Милош Шалиќ претходно изјави дека денеска на Судот му ги предал новите медицински испитувања на Младиќ, кои според него, можат значително да ја променат целата ситуација.

Шалиќ пред Специјалниот суд за воени злосторства изјави дека испитувањата покажуваат тешко заболување на Младиќ од пред две години.

- Не можам да зборувам за испитувањата. Ги добив анонимно, но според блиски извори ќе бидат проверени од судски експерти, изјави адвокатот.

Адвокатот истакна дека се отфрлени барањата на Обвинителството Младиќ да биде сослушан во врска со злосторствата врз Срби во БиХ, како и во врска со убиството на двајца војници во белградската касарна во Топчидер.

Прифатено е барањето Младиќ да биде испрашан во врска со случајот против неговата сопруга Босиљка за нелегално држење на оружје во нивниот дом.

Шалиќ истакна дека се уште нема добиено одговор на барањето Младиќ да биде прегледан од независен тим доктори.

Адвокатот потврди дека Ратко Младиќ утрово го посетил гробот на својата ќерка, во придружба на големо обезбедување, по што е вратен во притворот на Специјалниот суд во Белград.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...