Кој го криеше Ратко Младиќ

Лондон, 2 јуни 2011 (МИА) - Српските власти ќе мора да ја откријат целата мрежа што помагаше во криењето на Ратко Младиќ, обвинет за воени злосторства во војната во Босна и Херцеговина, попречувајќи го неговото апсење и изведување на суд, пишува „Дејли Телеграф“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот оценува дека Владата во Белград исполни едно од барањата на меѓународната заедница и на ЕУ, но она што сега го бара Трибуналот во Хаг е сознанието за тоа како беше можно Младиќ да не биде откриен и фатен, особено во последните пет годни, колку што се верува дека ги поминал на територијата на Србија.

Според лондонскиот весник, Младиќ при апсењето на пружал никаков отпор, иако се претпоставуваше дека неговото апсење нема да помине без употребата на воена сила. Наместо тоа, најбараниот бегалец од војната на тлото на поранешна Југославија, ги поздравил припадниците на српските специјални сили, послужувајќи ги со домашна ракија, шунка и сирење и мирно им го предал своето лично оружје.

На првото сослушување во Хаг, Младиќ беше „исклучително кооперативен“ и подготвен на соработка, изјави за „Дејли телеграф“, Џон Хоукинг од Меѓународниот суд за воени злосторства извршени на тлото на поранешна Југославија, но весникот забележува дека останува прашањето за откривање на оние кои попречуваа тој цели 16 години да го одбегнува апсењето.

Тоа посебно се однесува на највисоките воени кругови во Србија, особено по тврдењето на адвокатот на Младиќ дека поранешниот генерал е болен од рак и дека се лекувал во „една болница во Белград“, додава весникот.

Во текот на 2009 година Ратко Младиќ поминал четири месеци во болница примајќи хемотерапија, што не можело да биде изведено во ниту една друга клиника освен во Воената болница во српскиот главен град. Ова откритие на неговиот адвокат, одново фрла сомнеж во искреноста на сите досегашни српски уверувања дека таа активно учествува во откривањето и апсењето на сите воени злосторници, констатира „Дејли телеграф“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...