Младиќ денеска првпат ќе се појави пред судиите

Хаг, 3 јуни 2011 (МИА) - Поранешниот командант на босанските Срби Ратко Младиќ денеска првпат ќе се појави пред судиите на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија.

На сослушувањето, закажано за 10 часот по српско време, судијата ќе побара Младиќ да го потврди својот идентитет и да одговори дали ги разбира 11-те обвиненија, покренати против него.

По 16 години поминати во бегство од меѓународното правосудство Младиќ беше уапсен во Србија на 26 мај и предаден на Трибуналот на 31 мај.

Обвинителниот акт против Младиќ беше променет неколку пати, за последен пат на 27 мај. Место по 15 точки во обвинението, тој ќе одговара за 11 точки за геноцид, злосторства против човештвото и нарушување на воените закони за време на конфликтот во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија го назначи Александар Алексиќ за службен адвокат на Младиќ за време на неговото прво појавување пред судот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...