Не сакам да се бранам од „гнасните обвиненија“

Хаг, 3 јуни 2011 (МИА) - Поранешниот командант на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ за време на првото појавување пред судиите на Хашкиот трибунал изјави дека е „тешко болен“.

- Јас сум тешко болен човек, истакна Младиќ, додавајќи дека не бил во состојба да ги прочита документите, кои се поврзани со обвиненијата против него.

Обвинетиот се појави денеска пред судот облечен во костум и вратоврска.

- Јас сум генерал Младиќ, рече тој сосема спокојно и одговори на сите прашања кои му ги постави судијата Алфонс Ори, кој е претседател на судскиот процес.

Младиќ го поправи судијата кој прочита дека е роден на 12 март 1942 година, потенцирајќи дека тоа не е неговиот точен датум на раѓање.

- Јас сум роден на Велики понеделник 1943 година, истакна Младиќ пред судијата, кој истакна дека ќе го провери ваквиот податок.

Судијата Ори му објасни на Младиќ дека на денешното сослушување тој треба да биде информиран за покренатите обвиненија против него, да му биде прочитан обвинителниот акт и да се изјасни дали се чувствува за виновен.

Хашкиот бегалец изјави дека не сака да слушне ниту еден збор од обвиненијата за кои се товари, нарекувајќи ги „гнасни и монструозни“.

Следното судско сослушување е закажано за 4 јули, со што поранешниот командант на босанските Срби ќе добие можност од 30 дена за подетално да се запознае со обвинителниот акт, а на кое ќе треба да се изјасни дали се чувствува за виновен.

Младиќ беше екстрадиран во Холандија во средата, откако минатата недела беше уапсен во Србија.

Шеесет и девет годишниот Ратко Младиќ е обвинет за геноцид со убивањето на повеќе од 8.000 муслимански мажи и момчиња во Сребреница и за други злосторства за време на војната во Босна од 1992 до 1995 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...