Како падна Ратко Младиќ

На се му доаѓа крајот, посебно на ајдуштвото. Шеснаесет години по покренувањето на обвинението во Хашкиот трибунал, властите во Србија конечно го фатија и „најбараниот бегалец“. Се чини дека и тој самиот едвај го дочека ова. Потрагата по него беше долга, повремено болна, но и оптоварена со остатоци од претходните времиња, пред се од кадровските и политичките. Овој успех беше елегантен, економичен и ефикасен – посебно политички. Накусо, на Ратко Младиќ очигледно му истече рокот на траење, бидејќи е најден осамен, болен, сиромашен како црковен глушец и без никој свој – освен малубројните роднини. 

Криењето на Ратко Младиќ може од око да се подели на четири периоди; сите тие периоди се од различен карактер и можат накусо да се опишат како скали надоле и до крајот. Почна од неговото отстапување од местото командант на Војската на Република Српска во 1996 година, кога се засолна во Белград, потпирајќи се на ветувањата на режимот на Милошевиќ, дека тука ќе биде заштитен од веќе покренатото хашко обвинение.
Така и беше – тогаш.

Со видлива и уверлива заштита на цивилните и воените служби, Младиќ се појавуваше во јавноста, живееше добро обезбеден во својот дом на Баново брдо, одеше на натпревари и се однесуваше самоуверено и нормално. Сепак и тие луѓе кои го обезбедуваа не го губеа од вид: често Младиќ од обезбедувањето се оддалечувал и бил гледан по некои безбедни делови во Република Српска. Превратот на 5 октомври во 2000 година уште повеќе ја зголеми неговата „безбедносна свест“: се почесто се оддалечуваше од Белград, иако и понатаму беше под активна заштита на Управата за безбедност на Армијата и Ресорот на државна безбедност.
Кога во 2001 година Милошевиќ беше уапсен, па потоа однесен во Хаг, Младиќ силно се загрижил. Ако можат него, тогаш можат и секој друг да го уапсат, резонираше тој и неговото обезбедување.

Тука сега се поставува клучното прашање на оваа приказна: зошто на сите нив Младиќ им бил толку важен? Како што гледаме денес, им бил важен како мит кој треба да се одржи во живот како симбол на сите нивни тогаш пропаднати надежи: Радован и Ратко, јунаци на гусларски институти САНУ и останатата братија на „националните војници“, мораа на митолошко ниво да го спасат и зачуваат банкротираниот проект на Милошевиќ, неговите фашистички помошници и камарили на домашните предавници. Одприлика според гусларски модел на „ајдучки циклус“ во некого да веруваме до подобри денови.

Значи, криењето на Младиќ беше во таа пред се симболична политичка функција: да се одржи верата низ симболи додека времињата не се променат на подобро. Секако дека тоа имаше свои криминалистички последици, во смисла на структурата на помошниците, „јатаците“ и медиумската поддршка, на што се работеше многу активно, како што се виде. Тактиката е позната: се поставува прашањето „Херој или злосторник?“, што веќе го видовме кај Хрватите; вистинскиот одговор никој не се одлучи да го пружи. Имено, дали некој е злосторник – одлучува судот; дали некој е херој, одлучуваат шовинистите. Што е подобро? Па дали убивал „Турци“ (или Срби или Хрвати, или Албанци; сеедно), не е ни важно... Но, поразените симпатизери на банкротираната политика не се даваат така лесно.

ВТОРА ФАЗА:

Тука доаѓаме до следната фаза на криењето од 2001 до 2006 година. Младиќ и понатаму има целосна заштита: прво „оттуѓените центри на моќ“ од Армијата и подивените фракции на Државната безбедност, со целосно опслужување на власта, армијата и политичарите на Република Српска. Води сметка да не се појавува многу во Белград; се мота по западна Србија, околу границата со БиХ, наводно одгледува пчели итн. Тоа што го потресло беше акцијата „Сабја“ пролетта во 2003 година: тогаш се сокри во глувчешка дупка.

Главно се моташе по теренот. Има тука разни приказни каде се се појавувал, но тие треба да се земат со резерва: многу такви приказни спаѓаат во пропагандни трикови на медиумската логистика на Младиќ. Имено, таа логистика, по добрите совети на разузнавачките и безбедносните експерти, постојано го „наоѓаа“ Младиќ тука, па таму, па повторно некаде и така натаму, се со намера органите кои го бараат да ги одвлечат од трагите, да ги успорат и да се трошат без потреба. Инаку тоа е познато како „кибритски пристап“ во стручниот жаргон: што повеќе кутии, па ти сега погоди каде е топчето.

Освен тоа, така имиџот на Младиќ како бегалец и ајдук се одржуваше во живот, додека во меѓувреме се пишуваа хагиографии и псевдологии за него и сето тоа се разгласуваше на цел глас по соодветните медиуми.

Како и да било, БИА на Ѓинѓиќ почна сериозно да работи на тоа од јануари 2003, откако се ослободија од Андрија Савиќ и (што е многу поважно) од Милорад Брацановиќ. Една епизода вреди да се спомне, бидејќи е кажана од веродостоен и чесен извор од тоа време.

БИА имаше теренски тим, момче и девојка кои го следеа синот на Младиќ, Дарко некаде по Златибор во летото 2003 година. Во еден момент на Дарко наводно му се слошило, па пријателите го однеле со возило на лекар. Наместо да завртат десно кон Ужице, отишле лево кон Кокин Брод. Агентите на БИА го следеле возилото: било доцна во ноќта па се претпоставува дека во возилото во кое бил Дарко имало поставено радио или ГПС уред, што е логично. По некое време возилото свртело во густа шума, кон некој зафрлен манастир; агентите го следеле од пристојна далечина, секако надвор од визуелниот контакт.

Во еден момент на својот радио-апарат фатиле густ симплекс радио-сообраќај (меѓу рачни УХФ станици, без посредство на репетитор); тогаш веќе биле надвор од покривањето на ГСМ телефонијата и секако надвор од радио-врската со БИА. Застанале некаде во шумата и забележале вооружени луѓе кои патролираат околу манастирот; кога им се приближиле, момчето и девојката почнале да се бакнуваат; а што друго им преостанало? Не ги вознемирувале, но тие се оддалечиле од местото и од телефон во хотелот ги известиле дежурните во БИА; не верувале ни во мобилните врски. Утредента извидницата на таа локација нашла траги од присуство на повеќе луѓе, но повеќе немало никој. Тоа бил последниот близок контакт во тоа време.

ТРЕТА ФАЗА:


На Младиќ (и не само нему; да се сетиме на Милорад Улемек Легија) им олеснало кога во 2004 година Коштуница стана премиер. Повторно почна да се движи наоколу, со право верувајќи и на новата власт. Коштуница му средил пензија, а тоа неговиот режим го негираше до крај, се додека од Хаг не дојде копија од решението. До 2006 година Младиќ повторно го штити Армијата на СРЈ, сосема извесно – БИА на Раде Булатовиќ. Дали тој ист Булатовиќ доаѓаше тогаш во Обвинителството за воени злосторства со идеја дека постои можност за договор со Ратко Младиќ?
Тоа е точно и што се случи? Ништо.

Потоа во 2008 година ѓаволот ја однесе шегата. Младиќ се повлече во најдлабока илегала; не се знае каде се се движел; има многу различни приказни, но не се веродостојни. Новата власт имаше некои кадровски проблеми со МВР и БИА, што не се решава така лесно (за жал се решава по биолошки пат: со пензии); за воените служби и да не зборуваме. Власта наивно се замеша во аферата „јатаците на Младиќ“ која заврши како што заврши. Е, сега: ако тоа тогаш го направија како што треба, се ќе траеше многу покусо, но ете.

Во април 2010 година сараевскиот весник „Слободна Босна“ објави напис на Мирха Дедиќ (инаку добра и веродостојна новинарка) за тоа дека, според нивните информации, Ратко Младиќ бил виден во Лазарево кај Зрењанин. Тоа беше уште една во низата вести за Младиќ и набргу беше заборавена. Меѓутоа, испадна дека веста била точна...

Се распрашавме кај колегите од „Слободна Босна“ и објаснувањето беше следново: информацијата им стигнала од некој слободен уметник со разузнавачката струка...

Тој извор се покажал како исклучително доверлив во повеќе наврати пред тоа; соработувал со Хаг и со НАТО и информациите секогаш му биле точни. Во овој конкретен случај тврдел дека во Зрењанин го видел Младиќ и неговото друштво со некој Обреновиќ од неговото поранешно обезбедување. Тогаш на колегите од „Слободна Босна“ им рекол дека се обратил на БИА, но таму не биле подготвени да му платат колку што барал, па дигнал раце од нив. Меѓутоа, како што велат колегите од Сараево, се појавила СИА (Сигурносно информативна агенција на БиХ) која покажала интерес за неговите податоци, па така полека дошло до тространа соработка: БИА, СИА и хашкото обвинителство.

Младиќ во тој момент бил практично спакуван: Лазарево станало место од посебен безбедносен интерес. Како што дознава „Време“, операцијата била многу внимателна и незабележителна. Лазарево е мало место; сите се знаат; има три куќи на семејството Младиќ; сите селани се колонисти од БиХ и природно наклонети на некој како што е Младиќ (како што гледаме од извештајот на теренот). Дарко Младиќ бил таму пред недела-две, како што слушаме.

Тој мораше да биде свесен дека е под надзор, како и целото семејство; но, би било сомнително да не оди кај роднините во посета.

Дали полицијата отишла во Лазарево за рутинска контрола или знаеле дека Младиќ е таму, тоа се уште не знаеме. Во секој случај, операцијата беше економична, елегантна и ефикасна: доволно луѓе и возила и не траеше долго. Според информациите на „Време“ Ратко Младиќ овој пат во Лазарево престојувал не подолго од 10-15 дена; судејќи според се, тој таму навраќал и порано, но само повремено и не престојувал долго. Како што велат нашите извори, МВР бил известен само дека Младиќ треба да се уапси во Лазарево, без галами и циркузи. Така и беше.

Од резултатот можат да се изведат некои заклучоци: Ратко Младиќ е фатен во лоша состојба, сиромашен како црковен глушец, без помош и заштита. Тоа може да значи само едно: целата поддршка, целата контраразузнавачка и разузнавачка заштита (тоа се две различни работи) му биле повлечени којзнае кога; пари немал; немало пожртвувани обезбедувачи кои би го дале животот за него. Тоа значи само дека Таму Каде што Треба било проценето дека на Ратко Младиќ му истекол рокот на употреба.

Набрзо Ратко Младиќ заврши во Шевенинген. Таму на брегот на Северното Море, на Младиќ ќе му биде многу подобро отколку во Лазарево и на други места: конечно ќе има со кого да разговара. Би било убаво да се види негова средба со Воислав Шешељ по толку години...

 

Време - Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...