Србија треба да постигне напредок по прашањето за Косово

Брисел, 23 јуни 2011 (МИА) - Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска изјави дека Србија треба да постигне напредок во правец на нормализирање на односите со Косово или да се соочи со ризик процесот на нејзиното приклучување кон ЕУ да биде блокиран од земјите членки на Унијата. 

- Слушнав голем број коментари дека всушност никој не е подготвен да прифати нова членка која има отворено прашање во регионот со своите соседи. Јас сум еден од оние кои велат дека треба да се направат сериозни напори во процесот на проширување, со цел да се најде решение за ова прашање, истакна Филе по средбата со српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ во Брисел.

Шефот на српската дипломатија, пак, по разговорот нагласи дека признавањето на независноста на Косово нема да биде услов за членството на Србија во ЕУ.

Јеремиќ на прес-конференција го повтори ставот на Србија дека нема да ја признае независноста на Косово, односно дека овој став на земјата нема да се смени „во следните денови, недели, месеци, години, векови“.

Тој истовремено додаде дека „регионалната соработка ќе остане клучен приоритет за српската Влада“.

Филе и Јеремиќ се согласија дека целиот регион на Западен Балкан има европска перспектива и дека процесот на проширување треба да биде меѓусебно кредибилен, односно  земјите од Западен Балкан треба кредибилно да ги исполнат условите, а членките на ЕУ треба на тој напредок адекватно да одговорат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...