Косово гори

Белград, 28 јули 2011 (МИА) - Десетици разгневени Срби вечерва околу 19 часот фрлија молотови коктели и го запалија административниот премин Јариње во северниот дел на Косово, неколку часови откако специјалните сили „Роса“ на косовската полиција се повлекоа од реонот.

Полски и американски војници од силите на НАТО (КФОР) започнаа престрелка со напаѓачите и употребија солзавец за да ја растераат толпата од околу 200 момчиња. Засега нема информации за повредени лица.

Шефот на преговарачкиот тим на Белград во преговорите со Приштина Борислав Стефановиќ потврди утрово дека со командантот на КФОР генерал Ерхард Билер е постигнат договор КФОР да го преземе преминот Јариње.

- И покрај неповолната ситуација во која не доведоа екстремистите со палење на Јариње, добивме цврста гаранција дека никакви упади на специјалните единици на косовската полиција нема да има, ниту пак обиди за донесување на албански службеници на административниот премин, изјави Стефановиќ.

Српскиот претседател Борис Тадиќ веднаш по вчерашниот инцидент повика на моментален прекин на насилствата на преминот Јариње и воспоставување на мир на северот на Косово.

Тој порачал дека хулиганите кои предизвикуваат насилство не се оние што ги бранат граѓаните, ниту Србија. Тадиќ ги повика косовските Срби на воздржаност.

Косовскиот премиер Хашим Тачи синоќа ги обвини паралелните структури на Србија во Северно Косово за организирање немири и палење на преминот Јариње, порачувајќи дека нема да има компромиси кога станува збор за присуство на косовската полиција на административните премини во северниот дел на Косово.

- Реципроцитет во трговските односи меѓу Косово и Србија ќе се оствари. Имаме проблеми во тоа, но ниту по кои било услови и цена нема да биде повлечена одлуката за реципроцитет, истакна Тачи.

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави дека палењето на преминот Јариње претставува „вадализам и тоа е дело на вандали“.

- Вандали го запалија Јариње. Се обидоа исто и во Брњак, но тоа го спречија силите на КФОР, рече Реџепи, додавајќи дека специјалните единици на косовската полиција се во приправност и ќе интервенираат доколку меѓународните сили не ја одржат ситуацијата под контрола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...