Ештон разговарала со Тадиќ и Тачи

Брисел, 28 јули 2011 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон на српскиот претседател Борис Тадиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи им ја пренела својата загриженост во врска со ситуацијата во северниот дел на Косово, укажувајќи им на значењето од обновување на дијалогот.

- Разговарав и со претседателот Тадиќ и со премиерот Тачи за да им ја пренесам својата загриженост и да ја истакнам нивната одговорност. Остро го осудувам насилството во Северно Косово и најновите случувања се неприфатливи. Сега од клучно значење е двете страни да се вратат на дијалогот и да ги решат основните прашања без одложување, се наведува во синоќешното соопштение на Ештон.

Таа истакна дека „одговорноста и на Белград и на Приштина е веднаш да ги смират тензиите и да ги вратат мирот и безбедноста за сите граѓани“.

Ештон додаде дека насилството никогаш нема да се толерира, а едностраните чекори не се начин за остварување напредок. Шефот на европската дипломатија ги поддржа напорите на ЕУЛЕКС и КФОР за смирување на ситуацијата во овој дел од земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...