Брњак и Јариње во северно Косово се воена зона

Приштина, 28 јули 2011 (МИА) - Меѓународните сили на Косово (КФОР) вечерва соопштија дека двата премина на косовската граница кон Србија, Брњак и Јариње ги прогласиле за „воена зона со ограничен пристап“.

- Двата премини се прогласени за воена зона со ограничен пристап и правилата за дејствување во таков случај се сосема јасни, изјави командантот на КФОР, Ерхард Билер.

Тој нагласи дека согласно правилата, во воени зони со ограничен пристап војниците можат да користат огнено оружје за самоодбрана и за заштита на имоти и лица.

- Секој кој нема дозвола за работа на премините или нема намера да минува преку нив, не треба да биде во нивна близина, рече Билер, кој попладнево во местото Зубин Поток имаше средба со претставници на српската Влада, по што соопшти дека припадници на КФОР ја презеле контролата врз премините Брњак и Јариње и дека „ќе останат таму се додека биде потребно“.

Тој изјави дека состојбата во Косово по убиството на косовскиот полицаец и на палењето на граничниот премин Јариње е тензична, додавајќи дека сторителите на овие двата инциденти мора да одговараат.

Билер уште додаде дека за него во Косово постои само една полиција со една команда и дека тој мора да и даде поддршка доколку таа тоа го побара од него.

Од своја страна, шефот на српскиот тим за преговори со Приштина, Борислав Стефановиќ по средбата со Билер изјави дека КФОР излегува од рамките на својот мандат утврден со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, додавајќи дека исходот од разговорите бил лош.

Според Стефановиќ, „некој од меѓународната заедница“ се обидува да ја поддржи одлуката на косовската Влада за ставање на двата премини под контрола на Приштина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...